Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рестрикциите без ефект: Алкохолот ќе се продава и навечер

0
By Нова ТВ on May 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Алкохолот во продажната мрежа ќе биде достапен за купување без ограничување. Со законски измени се укинува временото ограничување за купување алкохол во продавниците, кое беше воведено пред десетина години. Иницијативата е на бизнис заедницата, а поддршка доби од Владата и треба да го помине последниот филтер – Собранието.

Владата на седницата во првата недела на мај најави измени на Законот за трговија, кои наскоро треба да влезат во собраниска процедура. Се предвидува укинување на ограничувањата на времето на продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и во малопродажните објекти во кои тоа беше забрането со законот од 2008 година, но не и на лиценците кои беа воведени пред осум години.

Продажбата на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и понатаму ќе може да се врши во лиценцирани продажни објекти, но при тоа нема да се бараат посебни услови во продажниот објект за продажба на алкохолни пијалаци, ниту ќе се ограничуваат малопродажните објекти во кои ќе се врши продажбата. Ќе се дозволи продажба на алкохол и во киосците.

Причини

Стопанската комора на Македонија во јули 2017 година до Владата достави барања за измени на Законот за трговија со кои, меѓу другото, бараше укинување на временото ограничување на продажбата на алкохолни пијалаци во трговијата по 19, односно 21 часот и на лиценцата, која чини 20.000 денари за малопродажните трговски објект за две години, а за компаниите со над три продажни објекти 20.000 денари плус 0,05 отсто од вкупниот годишен  промет. И покрај барањата на коморите и трговците, Владата одлучи да го тргне само временото ограничување и да го прошири опфатот на објекти каде што ќе се продава алкохол, но не и да ги укине лиценците.

Трговците сакаат целосно укинување на лиценците, додека прехранбениот сектор изземање на пивото и виното.

Здруженијата за трговија и Групацијата за производители на алкохолни, безалкохолни пијалаци и вода при СКМ повеќе пати во изминатите години укажуваше дека со ограничувањето на времето за купување алкохол и со лиценцирањето, се нанесува голема финансиска штета на малопродажните трговски фирми, на компаниите за трговија на големо, како и на компаниите од домашната индустрија за производство на ваков вид пијалаци, што негативно се одразува на нивниот развој и предизвика намалување на бројот на работни места.

Според показателите на комората, само во првите три години од воведувањето на забраната, вкупната загуба во буџетот на државата од ненаплатени акцизи и ДДВ од регистрираниот пад во домашната пивска индустрија е поголем од 14 милиони евра.

Државата сега од алкохолот на трговците им зема пари по три основи и тоа за лиценци, за ДДВ од 18 отсто, како и од акцизата која се пресметува според степенот на присуство на алкохол во пијалокот и количината. Со предлогот за укинување на ограничувањето на времето за продажба на алкохол, како што коментираат експертите, во добивка ќе бидат не само граѓаните, туку и државата бидејќи се продолжува времето за купување алкохол.

Во изминатите години, според комората, нанесена е и голема финансиска штета на производителите на вино, како и на винската индустрија во земјата, која заедно со лозарството, создава и до 20 отсто од годишниот БДП остварен во земјоделството и обезбедува егзистенција за околу 30.000 производители на грозје, на над 12.000 сезонски работници и на повеќе од 2.000 вработени во домашните винарници. Се бележи и намалување на продажбата на вино за повеќе од 10 отсто на годишно ниво.

Алкохол на „црно“

Според сознанијата што СКМ ги доставила до Владата, ограничувањето на продажбата на алкохолни пијалаци во трговската мрежа директно го стимулирала производството и трговијата со алкохолни пијалаци „на црно“, за кои не се плаќаат акцизи и даноци и кои се широко достапни за целокупното население, вклучувајќи ги и најмладите.

Еден од главните аргументи за воведување на овие рестрикции во продажбата на алкохолни пијалаци беше да се намали консумацијата на алкохол во земјата, особено кај младите. СКМ во предлогот се повикува на извештај на Институтот за јавно здравје од 2016 година, во кој се констаира дека консумацијата на алкохол за денес не е само појава кај возрасните лица, туку и кај младите луѓе чиј број од ден на ден станува се поголем.

Од таму нагласуваат дека во изминатите девет години од примената на оваа рестриктивна законска регулатива, не се понудени никакви емпириски докази дека таа остварила какво било влијание врз евентуално намалување на алкохолизмот во Република Македонија.

Рестрикциите и алкохолизмот

Од Министерството за економија истакнуваат дека по однос на ефектите и  целите кои требаше да се постигнат со ограничувањата во продажбата на алкохолни пијалоци, нема докази дека со истата се остварени какви било влијанија врз евентуалното намалување на алкохолизмот во Република Македонија. Исто така, оценуваат, точно е дека Република Македонија има пониска стапка на консумација на алкохол по глава на жител во однос на другите земји во светот.

Статистичките податоци за потрошувачката на мало во Република Македонија покажуваат дека во 2015 година потрошувачката на алкохолни пијалоци изнесува 2.970.766.000 денари и тоа пиво 1.517.093.000,00 денари, вино 752.889.000,00 денари и други жестоки пијалоци 700.784.000,00 денари. Ако истата се спореди со потрошувачката на мало на алкохолни пијалоци во 2009 година од Министерството за економија велат дека ќе се види оти потрошувачката на алкохолни пијалоци е зголемена за 33,7 отсто, што од прилика е соодветно на зголемувањето на цените на истите во овој период. Потрошувачката на пиво е зголемена за двојно повеќе, односно за 79,2 отсто, потрошувачката на вино е двојно намалена, односно за 19,3 отсто, што укажува на евентуален пад на потрошувачка. Потрошувачката на други жестоки пијалоци е намалена за шест отсто.

Слични се податоците на Државниот завод за статистика за потршувачката на големо на алкохолни пијалоци. Вкупната потрошувачка на големо на алкохолни пијалоци во 2015 година во однос на 2009 година е намалена за 11,8 отсто, при што најголемо е намалувањето кај виното 56,2 отсто и кај жестоките пијалоци 33,4 отсто. Кај пивото потрошувачката на големо е зголемена за 3,8 отсто.

Од Министерството за економија посочуваат дека може да се констатира дека ограничувањето на продажбата на алкохолни пијалоци има мало влијание врз намалувањето на увозот на алкохол и во намалувањето на нивната потрошувачка.

Потенцираат дека со рестриктивните одредби од Законот најпогодени се домашните производители на алкохолни пијалоци, од причина што намален е бројот на продажни објекти преку кои го вршат својот пласман, како и периодот на продажба особено во руралните средини.

алкохол измени рестрикции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.