Проектот за ревитализација на Старата Скопска Чаршија се реализира според утврдената динамика, соопштија од општина Чаир. Проектот е финасиран со финасиска поддршка од министерството за економија во фисина од 160.000 евра. Дополнително втората фаза на ревитализацијата на овој простор ќе се реализира со поддршка на Светската банка.
Калдрмите и витрините на дуќаните на занаетчиите се автентични културни карактеристики на нашето гнездо на културата – Старатa Скопска Чаршија за чие одржување Општина Чаир се грижи преку проектот за ревитализација и зачувување на нејзината инфраструктурна автентичност.
Така денес Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу заедно со поранешниот градоначалник на Општина Чаир г-дин Изет Меџити, координаторите на проектот Џавит Гаши и Седат Кубур извршија непосреден надзор над работниот процес. Еден дел од калдрмата и витрините се веќе поставени и со големо посветеност се продолжува низ другите делови на Чаршијата, се вели во соопштението на општина Чаир.




