Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ревизорот со сериозни забелешки до Комисиите за лекување во странство

0
By Нова ТВ on October 15, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 15, 2018 17:08

За 30 донесени решенија за лекување во странство во Фондот за здравствено осигурување,  пробиен е законскиот рок од 45 дена предвиден за решавање на овие предмети, се вели во Ревизорскиот извештај за 2017 година.

Ова, според ревизорот се должи на функционирањеето на двете комисии во прв степен, незавршени подготвителни активности од страна на клиниките, редовната пракса лекарските комисии за најголем дел од предметите да ја користат предвидената можност за дополнително барање на стручно мислење и одложување на решавање на предметот, како и долгите рокови за поединечни постапувања.

При преиначување на позитивното во негативно мислење од страна на второстепената комисија во првостепената постапка, пациентите немаат можност да поднесат жалба во втор степен во друга комисија, освен истата второстепена која учествувала во одлучувањето во прв степен.

Второстепеност не е обезбедена ниту во услови кога пациентот и покрај позитивното мислење од двете комисии е незадоволен од донесеното решение кои се однесува на изборот на болницата, роковите за постапување и слично.

Ова е само дел од слабостите кај комисиите кои одлучуваат за лекување во странство при ФЗОМ што ги констатирал ревизорот.

Ова ги објаснува тешкотиите со кои во пракса се соочуваат децата и возрасните на кои им е потребно одобрение за да можат да се лекуваат во странство.

Ревизорот укажува дека во однос на дополнителните трошоци  при самото лекување во странство, често недостигаат соодветни документи, спецификација и дијагностички постапки кои се неопходни за одлучување на комисиите.

Ова го објаснува долгото чекање, а и ревизијата го констатирала,  дека ваквата постапка влијае на оддолговлекување на упатувањето во странство, а со тоа на успешноста на лекувањето и на потрошените буџетски средства.

Ревизорот укажува дека постапката за упатување за лекување во странство не е уредена како посебен вид постапка, има третман како општа управна постапка која е сложена и со долги рокови.

Државниот ревизор утрдил и дека во ФЗОМ не е постои систем на следење ниту пак се прават анализи на успешноста на лекувањато во поединечни болници во странство.

„И покрај тоа што во Правилникот е предвидено, осигуреникот по завршеното лекување во странство со отпусното писмо да се јави на преглед во клиниката која го издала предлогот и врз основа на извршениот преглед и медицинската документација од странската здравствена установа, клиниката треба да достави до Фондот медицински извештај за успешноста на извршеното лекување, истото не се спроведува“, се вели во Извештајот на државниот ревизор.

Во ваква ситуација Фондот нема податоци за успешноста на лекувањата во болниците кои биле утвдени како приоритетни, за успешно лекување на одделни заболувања.

„Поради тоа, постои ризик за неефикасно лекување како и неефикасно трошење на ограничените буџетски средства. Отсуството на листа на приоритетни болници исто така овозможува нееднаков третман на осигуреници во однос на изборот на болницата. Наведеното не е во согласност со член 18 и 19 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола како и член 20 од Правилникот за начинот на користење на здравствени услуги на осигурените лица во странство.

Слабостите на овој систем се евидентни и со фактот што нема самостоен советник за лекување во странство во рамки на Правниот Сектор, предвидено е работно место, но не е пополнето.

За да може да се спроведуваовојпроцес биле назначени секретари на Комисиите за чии редовни работни места согласно актите за организација и систематизација не се предвидени работни активности поврзани со оваа постапка, а надлежностите се делегирани со посебно решение. Правниот сектор врши формално правна контрола на законитоста на постапката, како и за сите други видови постапки како дел од редовните работни активности.

Ревизорот забележал дека во отсуство на соодветен организационен облик со прецизно дефинирани надлежности за следење и контрола се јавуваат повеќе слабости:

-Не е обезбедена соодветна контрола на работењето на секретарите на Комисиите и кординацијата на нивните активности;

-Не се врши контрола, односно фактурите и медицинскиот извештај кои странските болници ги доставуваат до Фондот по завршување на лекувањето, се доставуваат директно во сметководството каде што автоматски се врши плаќањето. Поради ова постои ризик да се изврши плаќање за несоодветни или неизвршени услуги;

-Фондот нема информација колкав дел се однесуваат на незавршени односно на завршени лекувања и не се врши навремено утврдување на висината на трошоците за болничките лекувања во странство.

Ревизорот препорачал ФЗОМ да иницира измени во Законот за здравствено осигурување за да се исклучи Второстепената комисија за лекување во странство од првостепената постапка и уредување на постапката за упатување на лекување во странство како посебен вид на постапка со пократки рокови и намалување на обемот на документација;

-Систематизирање посебен организационен облик во актите за систематизација и организација со прецизно дефинирани надлежности за спроведување, следење и контрола на активностите поврзани со овој процес;

-Воведување контрола на содржината на доставените фактури од здравствени установи од странство од страна на медицински лица;

-Воведување контролни механизми со кои ќе се обезбеди спроведувањето на одредбите во Правилникот со кои е дадена обврската на осигуреникот по завршеното лекување во странство со отпусното писмо да се јави на преглед во клиниката која го издала предлогот и обврска на клиниката да достави до Фондот медицински извештај за успешноста на извршеното лекување;

-Изготвување база на податоци и рангирање на здравствени установи од странство според успешноста во лекувањето на различни видови заболувања.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.