Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Револуцијата ја започнаа странските амбасадори, по нивните стапки одат активистите

0
By Биљана Секуловска on October 4, 2019 АНАЛИЗА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 4, 2019 16:30

 

Климатските промени се дефинираат како еден од најголемите предизвици на 21 век- промените на климата предизвикани од акумулација на јаглерод диоксид (CO2) и други гасови од стаклената градина  во атмосферата се предвидува да резултираат во големи промени во животната средина, како што се:

-покачување на нивото на морето што може да ги поплави крајбрежните и речните делта заедници,

-смалување на глечерите и намалена снежна покривка што може да ги намали ресурсите на слатководни води;

-ширење на заразни болести и зголемена смртност поврзана со топлина; (можна загуба на биолошката разновидност и други влијанија врз екосистемите;

-и промени во земјоделството- во приносите на земјоделските култури и продуктивноста. Ваквите важни промени во животната средина претставуваат потенцијално сериозни ризици за луѓето, социјалните системи и природниот свет (http://www.sustainabilityroadmap.org/drivers/wastechange.shtml#.XZdKT_AzbDd)

Собирањето на отпадот, исто така, произведува стакленички гасови од емисиите кои ги испуштаат возилата кои се наменети токму за таа употреба. Согорувањето на отпадот во депониите е без сериозна контрола на надлежните институции, исто така создава стакленички гасови, вклучително и јаглерод моноксид и јаглерод диоксид.

Од 8 до 10 проценти од емисиите на стакленички гасови се поврзани со храна фрлена за време на бербата и производството или од потрошувачите, се заклучува во неодамнешниот извештај на Меѓувладиниот панел за климатски промени. Апелите на светските научници, експертите, активистите, како да се одбиваат од ѕид- голем дел од политичките и бизнис елитите особено се чинат глуви на предупредувањата, ставајќи примат на профитот и економскиот раст, а притоа, заборавајќи ги несогледливите последици, за кои не треба да ја чекаат иднината- тие им се случуваат сега, пред очите.

Депониите на расипана храна испуштаат метан, гас кој е приближно 25 пати штетен од јаглерод диоксид. А за да се собере и транспортира целата потрошена храна, се потребни милијарди хектари обработливо земјиште, трилиони галони вода и огромни количини фосилни горива.

За потрошувачите, намалувањето на отпадот од храна е една од ретките лични навики што можат да и помогнат на Планетата. Но, поради некоја причина, многу луѓе кои се жалат на климатските промени, не ја подготвуваат храната правилно и на крај ја фрлаат во ѓубре, несвесни, предизвикувајќи штети.

Револуцијата во Македонија ја започнаа странските амбасадори

Расфрлањето на ѓубре во Скопје, особено последната деценија, останува нерешлив проблем и главоболка за граѓаните, но се чини дека таа не предизвикува и сериозни дебати и изнаоѓање решенија кај надлежните институции.

Вистинска револуција низ годиниве предизвикуваа амбасадорите на странските земји, кои собирајќи го ѓубрето низ земјава, порачуваа постојано- граѓаните и властите се одговорни и треба да се справат со навиките, онака како што тоа се прави во цивилизираниот свет.

 

Единствена лекција која е научена од овие апели е од страна на граѓанската иницијатива “Не биди ѓубре”, која низ изминатиов период покажува со свој пример- како треба да се однесуваат граѓаните, еднакво како и институциите чија надлежност е комуналната хигиена.

Активистите на “Не биди ѓубре” имаат вистински решенија за чисто Скопје и Северна Македонија, но тие се ненаметливи и скромни- не ги запоседнуваат градските и другите власти, ниту пак инсистираат да седнат на заедничка маса и заедно, преку програма и план да ги реализираат целите, како што и говори активистот Никола Здравковиќ, во дебатата со Никола Наумоски, шеф на кабинетот на градоначалникот на Скопје, петреШилегов.

Иако активистите  не можат да ја сменат свеста ниту лошите, валкани навики на граѓаните, тие со своето пионерско движење “Не биди ѓубре”, сторија многу за државава.

Видео со акции на иницијативата Не биди ѓубре

НоваТВ.мк се приклучува кон кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!, што ја спроведува Инситутот за комуникациски студии и е финансирана од Британската амбасада во Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.