Обединетите Нации во петокот вечера усвоија резолуција која има за цел да го сопре напредувањето на џихадистите во Ирак. САД ги нападнаа позициите на Исламската држава по сомненијата дека имало убиствени напади против Јазидите на северот на земјата.
Резолуцијата на ОН беше усвоена откако премиерот на Ирак се согласи да ја напушти власта и побара разоружување и итно распуштање на Иламската држава и другите формации кои се поврзани со ал Каеда.
Ова е најконкретната мерка што ја презема Советот за безбедност на ОН пред напредокот на теренот на Исламската држава. Документот е усвоен под поглавие седум на Повелбата на ОН што значи дека тој дозволува санкции па дури и употреба на сила за да се биде применет. Но засега не дозволува воена операција.
Истовремено, министрите за надворешни работи на ЕУ, синоќа на итен состанок на повик на Франција, се согласија дека треба да се испрати оружје до курдските сили кои се борат на северот на Ирак против Исламската држава.