Резолуцијата за Македонија денес во Европскиот парламент (ЕП) беше усвоена на пленарната седница во Стразбург со 505 гласа “за“, 61 “против„ а 31 пратеник биле воздржани при гласањето.
Овој документ што го изработи британскиот пратеник Ричард Ховит ја повикува ЕУ да отвори под итно, веќе во јуни, преговори за членство со Македонија.
Истовремено текстот е повик и до Македонија да ја формира Анкетната комисија за 24 декември и да постигне напредок особено во слободата на медиуми.