Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Резолуција на ВМРО-ДПМНЕ: да се биде и мудар и интелигентен

0
By Mirjana on July 21, 2021 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Нано Ружин 

Колку се мудри и интелигентни нашите политичари и дали дарбата и начитаноста ги користат во политиката или се заробеници на идеолошки ставови, архаични фантазми или митолошките, верските и етничките предрасуди. Можеби низ анализа на политичкиот гамбит на Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ би можело делумнo да се одговори на овие дилеми. Во 1922 за време на еден јавен настап во Неапол, Мусолини изјавил: „Ние создадовме еден мит. Митот е една верба , вид благороден ентузијазам. Тој нема потреба да е реален, тој е импулсивен, надежен, исполнет со верба и храброст. Нашиот мит е нацијата..“. Митот често се користи за да се истакне силината на оперативната моќ на разни теми, раскази, концепции  кои создаваат привлечност, магија, шарм за одредена заедница, народ, општество. Во македонското општество, такви здивени страсти предизвикуваат повеќе изрази како “македонски јазичен, историски, културен идентитет“, “македонски народ“, „Македонија“,  “Гоце“ и тн.. Ова е сосема разбирливо за секој Македонец, за секој граѓанин, за секоја политичка партија. Зачувувањето и негувањето на овие идентитетски иконографски оски не е обичен каприц.Тоа е повеќе од атaвистичка зависност или емотивен излив. Тоа е дел од националниот грал, условен императив на секојa националna ДНК.

Секој обид од страна на било која друга заедница или држава, да ги негира или узурпира овие вредности се доживува како бласфемија и разобличување на националното ткиво. Тоа го почувствувавме во „ирационалната триесетгодишна војна за името“со Атина, а сега уште повеќе низ сарказмот на политички пораки од Софија.   Реториката на дисциплинирање од страна на политичките првенци на источниот сосед, е своевиден свиреп smart power со иронична обланда. Типичниот балкански политички аутизам за добрососедството е неразбирлив во Европа на XXI век. Тоа е и потврда дека во нашиот регион, национализмот сеуште претставува најпривлечен идентитетски мит кој го пронаоѓаме во разни форми. Каква е нашата реакција и дали предлог-Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ е најсоодветниот одговор?

За просечниот граѓанин  содржината на Резолуцијата  реално ги отсликува состојбите на преговорите  иако ВМРО-ДПМНЕ непотребно се повикува на авторите МАНУ, УКИМ кои воопшти не ја разгледувале како институции ниту зазеле став по оваа резолуција, освен  неколку академици и професори. Воедно Резолуцијата инсистира врз поранешното уставно име Република Македонија, со оглед дека ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту дел од МАНУ и УКИМ не го прифаќаат новото уставно име. Веке по ова прашање уште пред да се пристапи кон анализа на содржината на текстот, државата ризикува да се соочи со остри критики и додатни тензии со Грција, ЕУ и САД што би им одело во прилог на бугарските тези изнесени во Декларацијата.  Доколку пак ВМРО-ДПМНЕ во Резолуцијата го вметнат уставното името, тоа значи ipso facto дека се признава Преспанскиот договор. И конечно колку е интелигентен самиот чин на донесување на еден таков документ?  Каква полза ќе има македонската дипломатија? Зарем нема да биде протолкувана како вид реваншистички чекор во нерамноправната битка со членка на ЕУ, која според „неправедните“ правила на ЕУ може да го употребува правото на „вето“ и да ги кочи европските интеграции на Северна Македонија. Оваа резолуција како политички чин може уште повеќе да ги распали страстите на источниот сосед, и да даде  аргумент со кој тие ке се правдаат пред секој политички притисок од страна на Брисел, Париз или Берлин.

Според про-резолуционерите, таа била целосно „избалансирана и ги истакнувала надворешно-политичките приоритети со цел да помогне во градењето на добрососедските односи“, истакнува висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа се заборава дека  дипломатијата е многу порафинирана и попрефинета занаетчиска дејност од пишаниот збор. Од исксутвата со Декларацијата за соработка и пријателство се уверивме дека бугарските јастреби имаа сопствено толкување на напишаното. Независно од изјавите дека за „македонскиот јазик и македонскиот идентитет  не се преговара“, авторите на резолуцијата  упорно инсистираат за конфирмација на јазикот и идентитетот. Третиот сноп прашања кој го потикнува Резолуцијата е прашањето на присвојувањето на историјата и традициите, околу кои се договара мешовитата комисија.  И покрај одредени компромисни потези од македонска страна, бугарскиот дел на комисијата е тврдо закопан во рововска битка и инсистира на целосно прифаќање на изнесените ставови. Освен овие три точки следат неколку вообичаени констатции кои се повикуваат на добрососедството, на меѓународните конвенции и декларации на ООН и на човековите права.

Симптоматично е што оваа Резолуција која и покрај амбициите да се занимава со надворешната политика во суштина претставува документ за внатрешна употреба. Таа во последниот став “ ја обврзува Владата и сите органи надлежни за надворешна политика и евроинтеграции да постапат во рамките на позициите утврдени со Резолуцијата“. Доколку владините преговарачи излизгаат од горе наведените ставови, а за тоа ќе решаваат субјективните проценки на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините интелектуалци, тогаш тоа ке отвори поле за нови судири и критики со владата. Зошто сеуште на таков начин игра ВМРО-ДПМНЕ?

Дали со спротивставувањето  кон европските вредности кои се потпираат врз искуството, надежта и верата во прогресот им отстапуваат простор на носталгичната и ирационална имагинација во која запаѓаа сите радикални движења? Дали  ВМРО-ДПМНЕ има потреба да дејствува во една псеудо-реална рамка  која постои само во фантазмите?

Аргументите кои се изнесени во резолуцијата се прифатливи за секој Македонец, и затоа е разбирливо што СДСМ и помалите политички партии немаат ништо против овој документ. Конечно останува уште  дилемата колку е стратешки оправдано да се покажува сомнеж во сопствениот идентитет и јазик и да се бара од пратениците уште еднаш да потврдат дека сме Македонци кои зборуваат македонски јазаик.

Во овие тешки дипломатски времиња оваа резолуција би ја обременила позицијата на нашата држава независно од нејзиниот тафтолошки урнек. Убеден сум дека нема да биде изгласана, но ВМРО-ДПМНЕ со сите сили ќе настојува актуелната власт да ја претстави како предавник на националните интереси и на македонштината и рушител на националното единство. Во овој миг повеќе ни е потребна мудрост и интелигенција отколку резолуции и декларации. Во сите партии постојат и интелигентни луѓе како што ги има и во ВМРО-ДПМНЕ но кои не се мудри. Интелигентниот политичар  е  способен човек и ги разбира нештата кои малку луѓе можат да ги разберат. Мудриот политичар знае што да прави во најголем број ситуации. Доколку интелигенцијата и мудроста се спојат и претставуваат стрелка водителка во истата насока, тогаш можеме да зборуваме за политичка доблест, успех, среќа. Токму тоа се очекува од водечките партии на оваа држава кога се во прашање тнр. Ришељеови „државни разлози“. Неопходно е да  се искажуваат заеднички ставови од кои ниту една страна нема  да профитира за своите политички цели.  Се добива чувството дека ВМРО-ДПМНЕ со оваа Резолуција се обидува на извесен начин да се доближи до СДСМ, но сеуште не ја стекнало мудроста за целосното обединување околу најзначајните државни интереси.

 

 

 

ВМРО ДПМНЕ Нано Ружин резолуција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.