Поранешниот американски амбасадор, Филип Рикер, го започна својот говор во Владата на македонски јазик, сакајќи да покаже дека се уште се сеќава на јазикот и дека во земјава се чувствува како дома.
Во неговиот говор во Владата накратко раскажа за средбите за време на неговата кратка посета во земјава, и се заблагодари за успешната соработка.
-Северна Македонија покажа која е нејзината желба и навистина ни е драго што можеме да бидеме пријатели со неа во нејзините напори, рече Рикер посочувајќи дека САД изминатите 25 години работат да и помогнат на земјавата на тој пат, но и на останатите земји кои изразиле такви аспирации.
Тој истакна дека Договорот од Преспа е мошне значаен момент, и оти по тоа што било постигнато со него јасно се гледа патот на Северна Македонија да стане 30 членка на Алијансата.
Рикер за две недели ќе стане американски помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања.
Премиерот Заев по средбата истакна дека Република Северна Македонија станува стабилен стратешки партнер на САД.





