Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Риши Сунак ја презеде функцијата премиер на Велика Британија

0
By Соња Крамарска on October 25, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Риши Сунак денес стана третиот британски премиер годинава, со задача да ја заузда економската криза што ги остави финансиите на земјата во несигурна состојба и милиони луѓе се борат да ги платат сметките за храна и енергија.

Сунак денес се сретна со кралот Чарлс Трети во Бакингемската палата, каде што монархот како што е традиција, официјално побара од новиот лидер на владејачката Конзервативна партија да формира влада.

Лидерската позиција во партијата, Сунак ја зазеде вчера (понеделник) по краткиот, катастрофален мандат на Лиз Трас.

Нејзиниот пакет нефинансирани даночни намалувања ги заплаши финансиските пазари со изгледите за раст на долгот, ја доведе фунтата на рекордно ниско ниво и ја принуди Банката на Англија да интервенира – слабеејќи ја кревката британска економија и бришејќи го нејзиниот авторитет во нејзината партија.

„Целосно ценам колку се тешки работите“, рече Сунак пред резиденцијата на премиерот во Даунинг стрит 10. „И јас разбирам, исто така, дека имам задача да ја вратам довербата по сето тоа што се случи. Сè што можам да кажам е дека не се плашам“, рече тој.

Кога беше шеф на Министерството за финансии, Сунак стана популарен во јавноста со делење милијарди поддршка на затворени бизниси и отпуштени работници за време на пандемијата.

Признавајќи ги „тешките одлуки што доаѓаат“, Сунак се обиде да повлече линија под хаосот што ги зафати Трас и нејзиниот претходник, Борис Џонсон. Тој рече дека неговата влада „ќе има интегритет, професионализам и одговорност на секое ниво“.

Противниците веќе го прикажуваат Сунак како човек што нема контакт со реалноста, поради неговото привилегирано приватно училиште, претходната кариера како менаџер на хеџ фонд и огромното богатство. Голем дел од богатството на Сунак доаѓа преку неговата сопруга Акшата Мурти, чиј татко е милијардер основач на индиската ИТ фирма Infosys. Брачната двојка вреди 826 милиони долари, според листата на богати на Sunday Times.

Во април 2022 година, излегоа информации дека неговата сопруга Мурти не платила данок на Велика Британија за нејзиниот приход во странство. Оваа практика беше легална – и Мурти набрзо се согласи да се откаже од неа – но изгледаше лошо во време кога милиони Британци се мачеа да врзат крај со крај.

Победата на Сунак е голем пресврт на среќата само неколку недели откако тој загуби од Трас на изборите за да го замени Џонсон. Тој сега е избран за лидер на конзервативците откако стана единствениот кандидат кој ја надмина пречката од 100 номинации од колегите пратеници за да се кандидира на партиските избори. Сунак ја победи ривалката Пени Мордоунт, која денес даде оставка од владата, и соборениот Џонсон, кој се врати од одмор на Карибите за да собере поддршка за кандидатурата, но не успеа да ја добие.

Извор: Асошиетед Прес

Велика Британија премиер Риши Сунак
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.