Министерот за труд и социјална политика на Република Македонија, Спиро Ристовски, денеска истакна дека сака кочанчанецот кој сексуално го злоуптребувал својот 4-годишен син да добие максимална затворска казна.
Ристовски до надлежните апелираше ова дело да не остане не казнето туку да биде најстрого казнето како што и заслужува.
– Мојот став е непроменет. И во овој случај како и во сите претходни случаи барам од судовите максимална казна затвор за сторителот на ова кривично дел, изјави Ристовски одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција.
Според МВР вчера мајката во Полицијата во Кочани пријавила дека нејзиниот поранешниот сопруг сексуално го злоупотребувал нивниот малолетен син. Поднесена е кривична пријава против него.