Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ристовски: До 15 септември очекувам да се донесе законот за ЈО

0
By Соња Петрушевска on July 29, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик министерот за правда Оливер Ристовски кој учествуваше на разговорите со претставници на ВМРО ДПМНЕ во Владата околу новиот закон за ЈО, рече дека очекува до 15 септември да се донесе законот.

По денешната прва средба Ристовски кажа дека постигнале согласност со опозицијата за финансирањето на Јавното обвинитество.

– Се согласивме дека е потребно зголемување на финансиите генерално за целото Јавно обвинителство, а со тоа за негова поголема самостојност, а со тоа разговаравме за поголема одговорност на обвинителите – рече Ристовски.

За конкретно зголемување на платите на обвинителите не се разговарало, туку ќе се чека одговор од Министерството за финансии.

Ова беше прва средба на власта и опозицијата по посетата на Филип Рикер кога тој посочи дека времето за политички игри завршило.

На денешната средба, Риствовски рече дека се разговарало за законот поднесен од Владата и доколку се постигне договор со опозицијата забелешките на ВМРО ДПМНЕ ќе бидат амандмански вметнати во овој закон.

Тој кажа дека и меѓународните претставници рекле дека овој закон е добра основа за новиот закон за ЈО.

За тоа кој ќе раководи со Јавното обвинителство против организиран криминал во кое ќе се припои и СЈО, не се разговарало.

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски, рече дека средбата била конструктивна и дека се договориле „околу финансирањето на обвинитеството и за поголема одговорност на обвинителите“.

Детали не сакаше да соопшти затоа што на средбата постигнале договор да не се изнесуваат повеќе информации за да се постигне конечен договор.

Клучна разлика меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ е која треба да биде иднината на истрагите кои СЈО ги отвори по јули 2017 година. Опозицијата предлага тие да бидат депонирани во Јавното обвинителство, од каде ќе се распределуваат по обвинителства, а власта смета дека сите овие истраги треба да продолжат да ги водат специјалните обвинители кои сега ќе бидат дел од Обвинителството за борба против организиран криминал.

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција изрази надеж дека ќе се најде решение, дека власта веќе прифатила повеќе предлози на опозицијата и оти го разгледува законот предложен од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев ја отфрли можноста за условување на поддршката од опозицијата за законот со одржување предвремени парламентарни избори.

За Предлог – законот за Јавно обвинителство што го предложи Владата, претседателот на Собранието Талат Џафери закажа седница на 27 август.

Предлог-законот, за кој е потребно двотретинско мнозинство, е со европско знаменце и ќе се носи по скратена постапка.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.