Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ристовски: Повлечени измените на Законот за референдум

0
By Нова ТВ on January 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик министерот за правда Оливер Ристовски за СДК.мк изјави дека Министерството за правда ќе ја прекине процедурата за измена на Законот за референдум за да не се нанесе штета на преговорите со Грција, иако птенцира дека тие немаат никаква врска со тоа, туку е само „техничко усогласување со Изборниот законик и Законот за судови“.

-Ќе прекинеме со процедурата за измена на Законот за референдум, за да не се наштети на преговорите за името, иако тоа нема никаква врска“, вели Ристовски. „Се планираше само да се направи усогласување на Законот за референдум со Изборниот законик, бидејќи според Законот за референдум кој е порано донесен, приговори се поднесуваат до Врховниот суд, а според Изборниот законик приговори се поднесуваат до Управниот суд. Само се планираше да се испеглаат технички работи, суштината на Законот за референдум не се менува, вели Ристовски.

На страницата на ЕНЕР (Електронски национален регистер на прописи), утринава беше објавено дека се предвидува да се направат измени на Законот за референдум по скратена постапка. Предлогот е веќе повлечен.

Како што беше најавено, јавна расправа не беше предвидена, а временската рамка за предлог-законот беше најдоцна до 31 јануари.

Според Министерството за правда, се врши уредување на прашања кои се од значење за практичното спроведување на законот  и техничко доуредување на законскиот текст.

Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните е донесен во септември 2005 година, a Изборниот Законик во март 2006 година, потестува Министерството.

– Во предложените измени на член 1, член 2, член 3 и член 4 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните се врши усогласување со Изборниот законик, наведува Министерството за правда.

Дополнува дека Изборниот законик е објавен на 31 март 2006 година и влезе во сила со денот на објавување во Службен весник. Со денот на објавување на Изборниот законик, пак, престанаа да важат Законот за избор на претседател  на РМ, Законот за избор на пратеници во Собранието на РМ, Законот за локалните избори, Законот за избирачки список, Законот за избирачките места  и Законот за изборните единици  за избор на пратеници во Собранието на РМ.

Според Министерството за правда, со предложените измени во членот 5 и 6 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните се врши усогласување со Законот за судовите, објавен во мај 2006, а каде во членот 22 покрај постоечките судови се воведе Управниот суд. Членот 34 од Законот за судовите ја уредува надлежноста на  Управниот суд. Имено,  со Законот за судовите надлежноста за решавање на управните спорови  од Врховен суд премина во Управниот суд.

Со Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните се уредуваат начинот и постапката за решавање и спроведување на референдум, покренување на граѓанска иницијатива, свикување и одржување на собир на граѓани, како и други прашања од значење за непосредно изјаснување на граѓаните.

Досега во историјата на Република Македонија се одржани два референдума на државно ниво, тој за независноста во 1991 и за територијалната организација во 2004 година.

Закон за референдум измени Оливер Ристовски повлечени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.