Министерот за образование Спиро Ристовски а прес-конференција го обвини повторно лидерот на СДСМ, Заев за непотизам.
Ако пред две седмици презентиравме факти со кои почнавме да го разобличуваме системот на Зоран Заев за лично и семејно богатење, сега презентираме презентираме нови факти кои на овој скандал му даваат многу поширока и позастрашувачка димензија, односно во тендерскиот скандал вклучени се многу високи функционери од СДСМ, рече н во неделата
-Зоран Заев, освен на татко му, чичко му, братучедите, стрина му и снаа му, јавни набавки доделувал и на фирмата на сопругот на пратеничката од СДСМ, Цветанка Иванова и тоа во многу наврати”, рече Ристовски презентирајќи документација со кој Општина Струмица на ден 26-ти октомври 2010 година склучила договор за јавна набавка со фирмата Дикор ЦД ДООЕЛ Струмица во сопственост на Димчо Иванов, сопругот на пратеничката од СДСМ, Цветанка Иванова, во вредност од 3.555.663 денари само по ова основа.
Рече дека во тоа не би требалo да има ништо лошо, според законите како што вели Зоран Заев, но ј апотнцираше политичката поврзаност и близина на Зоран Заев и Цветанка Иванова.
0Со овие примери, веќе станува јасно дека Општина Струмица е центар од кој се спроведуваме многу сомнителни активности”, рече Спировски и заклучи дека „најголемиот тендерски скандал во Македонија е многу поголем и има позагрижувачки размери и е налезен е и во политиката”.
Ваквата бизнис поврзаност на Зоран Заев и фирмата на сопругот на пратеничката Иванова, рече Ристовски, отвора дилеми колку длабоко е навлезен октоподот на Зоран Заев во Струмица, додавајќи дека веќе доказите и документите за тоа почнале да излегуваа на виделина.




