Фрањо Туѓман и ХДЗ го одложија членството на Хрватска во ЕУ за десет години, а Македонија ги имаше Никола Груевски и сега Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои го одложуваат членството на земјава повеќе од 20 години, кажувајќи дека спасуваат национални интереси, а задушувајќи ја Македонија, пишува Ерол Ризаов во неговата колумна за „Дојче веле“.
Тој кажува дека населението во Хрватска било евроскептично пред влезот во ЕУ, а на референдумот за членство само 29 отсто од вкупниот број гласачи гласале потврдно. Половина од Хрватите во 2005 година сметале дека со членството во ЕУ ќе го загубат правото на својот јазик, но многумина стравувале дека ќе ги загубеле и националното признавање и идентитет.
Паралелата со Македонија е очигледна, според Ризаов, кој вели дека лагите за предавство и загубени национални интереси ќе потраат се до конечното членство на Македонија во ЕУ.