Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

РКЕ повикува  на трезвеност и рационалност од трговците и граѓаните за цената на нафтените деривати

0
By Mirjana on March 10, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од Регулаторната Комисија за Енергетика апелираат на разумност и разбирање од граѓаните и трговците за честата променливост на цените на нафтата и нафтените деривати и пред се нивното покачување.

-Се наоѓаме во најкритичната недела кога цените на нафтата и нафтените деривати на светските берзи драстично се покачуваат што придонесува за нестабилност на пазарите. Покрај војната во Украина ова е војна со енергенси, но сепак најдобро од се е што има нафта иако со цени кои се многу високи, велат од Регулаторната Комисија.

Од таму информираат дека цената на енергенсите, според најновата методологија, ќе се утврдува на дневна основа врз база на просекот од изминатите пет дена од цената, не на Брент нафта туку од цената на петте нафтени деривати чиј процес на производство односно процесинг е многу скап.

Па така ако покачувањето е до 2 денари или има намалување до два денари на погоре споменатите параметри, од Регулаторна велат дека тогаш нема да има корекција на цените на нафтата и нафтените деривати, ако покачувањето и намалувањето е над 2 денари, тогаш ќе има и корекција на цените.

Ваквата методологија за пресметка на цените на дневно ниво врз база на изминатите 5-дневни просеци, била воведена на барање на трговците за поголема видливост и за да се избегнат ценовните шокови што сигурно ги има ако цената се формира врз база на дневните покачувања на нафтата на светските берзи, велат од Регулаторната Комисија за Енергетика.

– Ќе им биде вратена маржата на трговците со нафтени деривати која вчера им ја намаливме за 33% со што од 4,5 денари се симна на 3 денари, по усвојувањето на пакетот мерки од страна на Собранието и по стабилизирањето на цените на нафтата на светските пазари. Друга опција на располагање немаме, велат од Регулаторната Комисија.

Добра вест, оценуваат од Регулаторната комисија, е што и глобално веќе има реакции за вискоите цени на нафтата и дека Обединетите Арапски Емирати најавиле пуштање во промет на 60 милиони барели нафта и дека Јапонија, исто така, пуштила во оптек дел од своите нафтени резерви.

 (М.Т.)

брифинг РКЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.