Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Роберт Алаѓозовски на „Кампот на идеи“ во Марсеј

0
By Нова ТВ on October 23, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На големиот собир „Камп на идеи“, што во организација на Европската културна фондација се одвива од денеска до 26 октомври во Марсеј, меѓу 50 учесници, културни активисти, уметници, менаџери во културата од 23 земји е и Роберт Алаѓазовски од Македонија.

Во текот на трите дена на собирот тие ќе дебатираат и ќе ги претстават своите проектни идеи за улогата на граѓаните во јавните простори. Низ неколку работилници овие идеи ќе се развиваат, интегрираат а најуспешните 25 ќе добијат грантови од Европската културна фондација да се реализираат како културни проекти.

Сакајќи да дејствува иновативно во сферата на културата на европско ниво, реномираната Европска културна фондација летово објави повик за идеи како заедниците да се вклучат во ре-обмислувањето на јавните простори. На повикот се одѕваа неверојатни 813 предлози од цела Европа, а за собирот во Марсеј, ЕКФ ги селектираше педесетте најинспиративни, најсмели и најиновативни идеи.

Целта на собирот е да ги поврзе заинтересираните активисти, уметници и менаџери во културата да го развијат нивниот креативен потенцијал за да создадат нови социо-културни и демократски модели на употреба на јавниот простор.

На собирот освен вмрежувањето и развивањето на проектните идеи работилници и презентации ќе одржат и неколку водечки имиња од културното милје на Европа за важни прашања, како ефектот на граѓанските акции во културата, потоа за општественото и културното претприемаштво, за хибридните културни институции, краудфандинг и краудсорсинг.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.