Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Робусна акција на Европол во Западен Балкан – уапсени 330 лица

0
By Mirjana on September 29, 2021 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Западен Балкан  вистинско „ дувло“ за дрога, криминал и нелегална трговија. Европол и 27 земји спроведоа заедничка повеќедневна акција во рамките на која се уапсени 330 лица кои се товарат за инволвираност во трговија со дрога, оружје, како и со посредување при илегална миграција во југоисточна Европа, објави денеска Европската полиција.

На терен учествувале 11.000 полицајци во акцијата спроведена од 15 -18 септември. Биле пребарани 724 локации, испрашани 33.428 луѓе и извршени 22.605 проверки на возила.

Запленети биле 154 парчиња огнено оружје, 57 рачни бомби и експлозив, 2.125 парчиња муниција, 719 килограми канабис и 920 насади со марихуана.

Експерти на Европол , за време на акцијата биле во Црна Гора и Босна и Херцеговина, каде асистирале во размената на информации меѓу надлежните органи. Регионот на Западен Балкан е клучен центар за нелегална трговија со огнено оружје во Европската Унија, се вели во соопштението и се додава дека меѓународните криминални групи доаѓаат главно од Западен Балкан, каде што се широко достапни човечките ресурси со добри познавања за оружје.

Огненото оружје потоа се шверцува во ЕУ, главно во Белгија, Франција, Германија, Шпанија и Холандија. Нелегалната трговија со оружје е тесно поврзана со трговијата со дрога, особено со кокаин.

Во некои случаи, криминалните групи разменуваат оружје за дрога, а исто така користат оружје за да стекнат и задржат контрола врз профитабилниот пазар на наркотици, посочуваат од Европол.

Дилерите на оружје нудат бројни и разновидни парчиња огнено оружје, старо и ново. Оружјето често се шверцува како дел од пратки со повеќе производи или се крие во возила.

 

акција Еуропол Западен Балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.