Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Родилка: Близначињата ми починаа од инфекција добиена на гинекологија

4
By Менче Атанасова Точи on September 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скопјанката Елена Ѓурчиноска тврди дека двете новороденчиња, близначиња и починале од болничка инфекција добиена на Клиниката за гинекологија. Родилката обвинува дека нејзините две предвреме родени близначиња починале од бактерија која ја добиле од инкубаторот.

Елена  за НОВА ја раскажа својата потресна приказна. Оваа 32 годишна девојка со телесен инвалидитет одлучила да забремени со вештачко оплодување, во приватна болница .

Ин витро направила приватно, не на товар на Фондот за здравство и сето тоа ја чинело околу 4000 евра. Но, се породила пред време бидејќи добила силни болки во стомакот, а лекарите констатирале дека и пукнала постелката . Елена тврди дека после породувањето со царски рез нејзините две женски бебиња поради малата родилна тежина биле ставени во еден инкубатор, каде што заедно останале три дена. По три дена, односно, ден пред да го исклучат од машина за дишење едно од бебињата кое напредувало повеќе, лекарите ја известиле дека децата имаат тешка инфекција.

„После три дена ми кажаа дека бебињата имаат тешка инфекција . Не разбирам од каде. Јас забременив ин витро, со непознат донатор немам партнер веќе две години кој би можел да ми пренесе инфекција, ги правев сите редовни контроли и ниту еднаш не ми беше најдена бактериска инфекција. Со документи можам да докажам дека не сум имала никаква инфекција“, раскажува за НОВА Ѓурчиновска.

Утредента следувал уште еден шок . И јавиле по телефон дека  бебето починало.

„Кога отидов таму ми кажаа дека и другото, со помала родилна тежина има инфекција и не е добро. Лекарите даваа различни објаснувања за причина за смртта на првото бебе што почина, еден рече срцето не издржало, друг од крварење во мозокот. Не беа усогласени во тоа, што е причината за смртта“, вели Елена.

inkubator

По два дена и соопштиле дека починало и второто бебе. Објаснувањето на лекарите било дека бебињата имале инфекција и дека не биле подготвени за живот бидејќи биле родени со мала тежина. Но, за неа тоа неа тоа објаснување не е доволно. Таа смета дека бактеријата односно инфекцијата ја добиле на клиниката и тоа е причината што не издржале и така слабите срца на бебињата.

„Децата беа зачнати со ин витро во една приватна болница, со нови инструменти кои пред мене ги отворија. Контролите ги правев редовно и ниту еден резултат не покажа дека сум имала инфекција. Лекарите ме убедуваа дека резултатите не ми биле точни. Сакам да предупредам дека на таа клиника виреат интерхоспитални(болнички) инфекции кои завиваат стотици семејства во црно вели“, Ѓурчиноска.

Оваа родилка вели дека се уште нема никаков документ за смртта на двете новороденчиња.  Кога отишла да побара и рекле дека правникот е на одмор. Заради тоа била принудена да извади посмртница без потврда за смртта од клиниката.

Раскажува дека наодот од обдукција се уште не е готов. Бебињата не ги земале од клиника откако починале, вели дека не им ни кажале лекарите дека постои таква можност. Ѓурчиноска тврди дека првото новороденче воопшто не го виделе кога починало, а второто го видел само нејзиниот татко. После се, по  шокот и траумите што ги доживеала, Елена завршила на психијатрија.

„Немам сила да се појавам пред камера, се уште закрепнувам од трагедијата што ми се случи пред неполни два месеца, но ќе продолжам да барам одговор за причината за смртта на двете близначиња. Но, од се што видов можам да кажам дека на оваа клиника бебиња умираат од болнички бактерии кои виреат таму“ ја завршува својата приказна Елена Ѓурчиноска.

НОВА побара одговор од директорката на Клиниката за гинекологија,  Марија Хаџи Лега да објасни која е причината за смртта на двете близначиња на родилката Елена Ѓурчиноска. Зошто се уште нема добиено никакви документи од медицинското досие, како и потврда за смртта на бебињата. Но ниту на телефонските повици, ниту на СМС пораката, како на и официјалното барање за одговор преку електронска пошта не добивме никаков одговор од Хаџи Лега. Останува да се види дали Министерството за здравство и надлежните инспекциски служби ќе се заинтересираат да го испитаат случајот и дали има вистина во наводите дека во болницата дебиња умираат од болнички инфекции. Пред извесно време по пишувањата на некои медиуми дека за шест месеци на клиниката починале 80 бебиња, колегиумот од клиниката излезе да ги демантира наводите. Но, не покажаа никакви документи, ниту статистички податоци. Директорката Хаџи Лега не с епојави во јавноста ниту тогаш.

 

бебиња инкубатор родилка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.