Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе починале од задушување

1
By Нова ТВ on October 26, 2017 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 26, 2017 15:19

Смртта на родилката Маја Кадиева од Гевгелија настапила од задушување поради погрешна интубација и обид за реанимација. Обдукцијата покажала видливи повреди на грлото и хранопровод, а во крвта биле најдени големи количини на јаглерод диоксид. Овие факти на денешното рочиште ги изнел судскиот вештак од Институтот за судска медицина.

Според извештајот новороденчето од утробата на мајката било извадено предоцна, живеело 10 минути и кај него во организмот бил пронајден наталожен јаглерод диоксид и средство за анестезија. И бебето починало како последица на погрешното интубирање и обид за реанимација на родилката. Тоа било здраво и напредно бебе кое требало да се роди на време, во одредениот термин.

Во судскиот процес досега се сослушани сите сведоци, завршена е доказната постапка. На денешното рочиште беше презентиран извештајот на судскиот вештак.

„Се гледа крајот на судењето, а адвокатите на обвинетите  ја одвлекуваат целата судска постапка. Задоволен сум како судијката професионално го води судскиот процес“, изјави за НОВА, Мите Кадиев сопруг на починатата 33 годишна родилка.

Родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе починаа во октомври 2015 година во гевгелиската болница  при породување со царски рез. За смртта е покренато обвинение против двајцата анестезиолози(едниот почина)и двајца гинеколози. Анализите на крвта кои ги направи МВР покажаа дека анастезиолозите породувањето го вршеле во пијана состојба.

родилка смрт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.