Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Родители: Би биле единствена држава во свет, ако одлични ученици повторат гoдина

0
By Нова ТВ on May 4, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 4, 2015 19:07


Група родители од различни скопски средни училишта попладнево одржаа заедничка информативна средба на влезот од гимназијата „Јосип Броз Тито“. Заедно со претставници на средношколците, Народниот Правобранител и Хелсиншкиот Комитет, родителите уште еднаш од прва рака слушнаа за сите законски права и обврски од аспект на образованието на средошколците, а дел од присутните пред медиумите изјавија дека целосно застануваат зад барањата на нивните деца.

-Децата одлично ја водат својата борба, не само што имаме целосна доверба, туку и се восхитуваме на начинот што се секогаш три чекори пред нас и кога сакаме да ги советуваме нешто. Сега веќе МОН како да најави престанок на преговорите со незавршена работа. Да се уважат аргументите на децата, да не се тера инает дека тие рекле вака, а ние вака сме рекле, па сеа ние сме попуштиле до некаде па тие да попуштат, туку навистина да се работи за најдобриот интерес на децата. Ние од самиот почеток на екстерното тестирање увидовме голем број слабости, на наша срамота оди тоа што ние родителите не реагиравме,а чекавме децата да реагираат, сега просто не можеме а да не ги поддржиме нивните аргументи, не само што се наши деца, туку се и во право, изјави еден од присутните родители.

Родителите одлучија да се здружат и во неформалниот Родителски Пленум, а дел од нив и дежураат во смени во кампот на МОН каде средношколците веќе втора недела спијат под отворено небо и еден месец ја бојкотираат формалната настава во училиштата.

Според нив, нелогично е децата да ја изгубат годината, бидејќи најголем дел од онеи кои бојкотираат се одлични ученици, а наставата не се одвива во најголемите скопски гимназии.

-Ние таа варијанта ја исклучуваме, бидејќи нема логика, бројот на децата кој ја бојкотираат наставата е прилично голем. Ништо не е исклучено, јас не сум правник да знам дали да изгубат година, меѓутоа мене ми изгледа нелогично, повеќемина од тие ученици што се во кампот се одлични ученици годината, значи ние веројатно би биле единствена држава во светот каде одлични ученици би ја повторувале годината, така да се надевам дека ќе најдеме заеднички решенија, рече еден од родителите.

Минатата недела Владата одлучи само оваа година матура да се полага по стариот концепт, односно во писмена форма, а математика да биде изборен предмет и надлежните ги повикаа средношколците да се вратата во училишните клупи.

Наспроти ова, средношколците бараат во текот на наредните 4 години да се полага стариот концепт на државна матура, а за тоа време работните групи да го усовршуваат новиот модел кој би се применил за следните генерации. Нивното второ барање е екстерното тестирање да биде анонимно и оценката да не фигурира никаде во свидетелствата, но Владата го одби и ова барање.

Од Средношколскиот Пленум преку соопштение порачаа дека нема да го напуштат кампувањето во паркот наспроти министерството за образование, се до целосно исполнување на нивните барања. Пленумци упатија апел и до сите граѓани кои се воможност да им помогнат во нивната битка, преку поддршка со присуство во паркот, но и преку донации со храна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.