Пред неколку дена во македонската јавност излезе писмо, насловен како “Писмо на мајка на геј син”– се работи за семејство од Македонија, кое живее долго време во Австралија.

Ова писмо е писмо на љубовта и поддршката кон својот син- кој како припадник на ЛГБТ заедницата им отворил нова перспектива, за која претходно и не знаеле- се станува подобра личност кога се прифаќа љубовта, како формула за среќа во едно семејство, рецепт за среќа воопшто.

Затоа и пораката секако дека треба да се слушне- Мојот син е хомосексуалец- и јас го сакам- ова писмо и овие пораки се поттик за сите родители, за сите семејства, за целото општество, генерално.

За НОВА говорат родителите- Мирјана Фотевска- Елефтеријадис и Ѓорѓи Елефтеријадис – обраќајќи и се притоа на целата македонска јавност.