Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Родители на нападнатите момчиња: Надлежните да ги спречат ваквите инциденти

0
By Нова ТВ on August 12, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 12, 2015 16:06


Излегле во центарот на Скопје да прошетаат и наишле на хулигани кои ги претепале. Вака таткото на 14 годишното дете од Батинци кое во неделата навечер беше претепано на плоштад „Македонија“ раскажува за настанот во кој освен неговиот син, физички нападнат бил и неговиот внук, а со полесни повреди поминале уште неколку нивни другари.

Деветнаесетгодишниот Бурхан Исмаил најмногу се здобил со повреди во глава, додека на неговиот помал братучед искршена му е раката. И двајцата братучеди завршиле во болница и велат дека уште се опоравуваат од шокот кој го доживеале во центарот на градот.

-Децата излегоа да прошетаат и наишле на група која ги удирале со флаши и шипки… велат дека биле 20 луѓе, а позади нив доаѓала уште поголема група. Биле маскирани. Барам надлежните што поскоро да ги најдат напаѓачите, вели за НОВА родител на едно од нападнатите момчиња.

Настанот се случил веднаш по фудбалскиот меч меѓу Вардар и Скупи во неделата, а дел од медиумите објавија дека нападот е дело на навивачката група „Комити“. Навивачите преку соопштение негираа дека се инволвирани и тврдат дека инцидентот на плоштадот нема врска со нив.

Неколку дена подоцна пак, момчиња од македонска националност биле нападнати кај трговскиот центар Мавровка. Нив успеал да ги спаси случаен таксист, кој ги разбркал хулиганите и ги пренел момчињата со сериозни повреди во болница.

„Беше облеан во крв во лицето, со неколку повреди во пределот на главата. Беше свесен. Првин на интензивна потоа во шок соба. Очекуваме попладнево да биде пуштен дома“, објаснуваше мајката на едно од нападнатите момчиња вчера во изјава за Телма.

Родителите стравуваат дека нивните деца не се безбедни во градот и апелираат надлежните да ги преземат сите неопходни мерки на безбедност. На полицијата оставаат и да разјасни дали има некаква поврзаност помеѓу инцидентите.

Од МВР за НОВА велат дека интензивно работат за наоѓање на сторителите. Според нивните досегашни информации, нема поврзаност на двата инцидента, а не се знае ниту мотивот зошто децата се претепани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.