Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

0
By Zoran Ivanov on September 27, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 – ти пат маршираа за своите ангели.

Маршто започна од Паркот на Револуцијата, преку Трговскиот центар, мостот кај Шопинг центарот до зградата на Управата за јавни приходи. Поворката продолжи кон полициската станица и заврши пред Основниот суд, од каде беше упатено предупредување до Обвинителството и судот, од каде очекуваат одговори на прашањата што претходно им ги доставиле во писмена форма.

Доколку до петок, 3 октомври, не добиеме официјален одговор ќе нема повеќе маршеви — ќе продолжиме со протести и блокади. Нема повеќе мирни чекори. Нема повторно молчење, порачаа родителите.

Тие од ОЈО очекуваат одговор до каде е постапката против вработените во МВР и кога ќе има обвинети и обвинение ? Од судиите во Кривичниот суд, пак, бараат да знаат —  кога ќе ја донесат оценката на обвинителниот акт ?

Време е да се стави крај на одолговлекувањето и да се овозможи вистинска правда. Овие барања Ви ги доставивме и писмено по пошта. Доста е – сметаат родителите.

Тие рекоа дека не станува збор за позадински политички влијанија на партии врз нив, туку дека тоа се тие, родителите, и нивниот бес, тага и револтот против системот. Сметаат декада постојат обиди да се направи селективна „правда“, наместо да има вистинската правда која им припаѓа на нивните деца.

Правдата не чека. Жртвите не се бројки — тоа се нашите деца, браќа, сестри. Цели семејства се уништени, револтирано рекоа родителите, додавајќи дека бараат одговори, одговорност и вистинска правда.

Кочани протест родители
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.