Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Родителите на жртвите од Кочани со барање за средба со обвинителите

0
By Marija Todorovska on June 16, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
Фото: МИА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 16, 2025 15:13

Семејствата и родителите на починатите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска доставија писмен допис до Основното јавно обвинителство во Кочани, со кој бараат непосредна средба со обвинителите.

Барањето доаѓа по минатонеделното образложение на обвинителниот акт за трагедијата кое го даде јавниот обвинтел Љупчо Коцевски, а за што на саботниот „Марш за ангелите“ родителите нагласија дека не ги разбрале наводите.

 Како што веќе најавивме во саботата, денеска доставивме писмено барање за средба со обвинителите за подетално да ни ја образложат истражната постапка и обвинението. Претходно ја добивме информацијата дека од Обвинителството се подготвени да се сретнат со нас и откако меѓусебно ќе се договориме, ќе доставиме известување за можниот термин на средбата, истакна Марија Петрушова, мајка чиј син настрада во „Пулс“.

На последниот „Марш за ангелите“ во Кочани, родителите на починатите во трагичниот пожар истакнаа дека не се правници и не го разбрале обвинението против осомничените. Нагласија дека од суштинска важност за нив е Основното јавно обвинителство целосно да ги запознае со исходот од истражната постапка, како и со содржината на поднесениот обвинителен акт, односно кои физички и правни лица се опфатени, против кого се води постапката, а кои лица се изземени од одговорност.

Родителите сметаат дека неприфатливо е како најдиректно засегнати да добиваат информации преку медиуми или од неофицијални канали, поради што бараат транспарентност и директна комуникација со надлежните институции. Поддршка за следење на целата постапка побараа и од Коалицијата за правично судење и од Транспаренси Македонија.

Коцевски Кочани марш за ангелите ОЈО пожар пулс родители
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.