Published: Tuesday, April 23, 2019 14:31
Од вкупно 16.361 невакцинирани деца до 14 години во Скопје, против морбили вакцинирани се 12.468. Во останатите центри за јавно здравје низ целата држава, вакцинирани се 7.776 деца од 26.495 невакцинирани деца, изјави за МИА членот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, д-р Владимир Микиќ.
Тој истакна дека родителите ги послушале препораките на Министерството за здравство и ја препознале важноста за навремено вакцинирање на децата со МРП вакцина.
– Сите деца кои се невакцинирани за да се заштитат од можни компликации треба веднаш да се вакцинираат. Само со стапка на вакцинација од над 95 отсто, ќе обезбедиме колективен имунитет и ќе биде оневозможено ширењето на вирусот меѓу популацијата, додаде д-р Микиќ.




