Субрата Рој барал да се изгради застаклен, луксузен апартман на покривот од хотелот Славија, кој би требало да биде готов до јуни следната години, дознава порталот Фактор од неофицијални владини извори.
Рој од своите, но и од македонските архитекти барал да издигнат уште 7 метри над денешната највисока точка на хотелот Славија кој индиецот го купи во Охрид и на покривот да се изгради застаклен, луксузен апартман кој би требало да биде готов до јуни следната година.
Неофицијалните извори на Фактор од Владата, а блиски до индискиот бизнисмен објаснуваат дека Рој имал низа барања за тоа како сака да го реновира хотелот Славија. Покрај луксузните апартмани и градина на покривот од хотелот, Рој сакал да има надворешен застаклен базен кој ќе зафаќа неколку ката од хотелот. Од македонските архитекти најверојатно ќе се бара и луксузно уредена градина на покривот од хотелот, како и луксузно партерно уредување.
Фактор исто така, дознава и дека се предвидува и пиење шампањ за 70-тина луѓе во воздух, во хелиумски балон. Во близина на хотелот Славија, Субрата Рој најави дека ќе гради марина, луксузен голф терен, конференциски сали, шопинг центри…




