Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ројтерс: Во земја која веќе е на работ, стравот од насилство сега е поголем

0
By Zoran Ivanov on July 14, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 14, 2024 16:08

Во земја која веќе е на работ, обидот за атентат врз поранешниот претседател Доналд Трамп ги разбесни неговите приврзаници, ја запре кампањата на Демократската партија и ги зголеми стравувањата од дополнително политичко насилство пред изборите во ноември, пишува Ројтерс.

Републиканските сојузници на Трамп го прикажаа како херој во саботата, користејќи слика на Трамп со крваво уво и крената тупаница додека ги извикуваше зборовите „Борете се!

Поддржувачите на Доналд Трамп истакнуваат дека демонизацијата на републиканскиот претседателски кандидат довела до обидот за атентат.

Денешниот настан не е само изолиран инцидент. Централната премиса на кампањата на Бајден е дека претседателот Доналд Трамп е авторитарен фашист кој мора да биде запрен по секоја цена. Таа реторика директно доведе до обид за атентат врз претседателот Трамп –  објави на социјалните мрежи американскиот сенатор Џ. Д. Венс од Охајо, водечки кандидат за потпретседател на Трамп.

Бајден брзо се обиде да ја смири ситуацијата, осудувајќи го нападот како неприфатливо политичко насилство и повлекувајќи реклами од кампањата кои го напаѓаат Трамп.

Нема место во Америка за вакво насилство. Тоа е одвратно – им рече Бајден на новинарите.

Мотивот на напаѓачот се уште не е познат. Осомничениот, 20-годишниот Томас Метју Крукс од Бетел Парк, бил регистриран републиканец, според евиденцијата на државните гласачи. Тој претходно донираше 15 долари на политички акционен комитет кој собира пари за левичарски и демократски политичари.

Краткорочно, нападот најверојатно ќе ја зајакне позицијата на Трамп во Милвоки оваа недела на Националната конвенција на Републиканците, бидејќи тој ја прифаќа претседателската номинација на неговата партија, засилувајќи го чувството на неправда и отуѓеност што неговите поддржувачи веќе го чувствуваат од политичката класа во земјата.

Милијардерите Илон Маск и Бил Акман побрзаа да го поддржат Трамп.

Целосно го поддржувам претседателот Трамп и се надевам на негово брзо закрепнување – објави Маск на X, социјалната мрежа што ја поседува.

САД се соочуваат со најголем и најдолг пораст на политичкото насилство од 1970-тите.

Бред Банон, стратег на демократите, рече дека пукањето може да има политички полза на Трамп бидејќи одговара на неговиот наратив дека земјата е на погрешен пат.

Обидот за атентат создава симпатии за Трамп -, рече Банон.

Тој, исто така, им ја потврдува на гласачите идејата дека нешто во основа не е во ред во оваа земја, што е идеја што ја поттикнува поддршката за него.

Многу гласачи се веќе отуѓени од Бајден и Трамп.

Хаосот околу кандидатите може да придонесе за чувството дека проблемите во земјата се непоправливи и дека не може да се премостат разликите меѓу партиите, оценува Ројтерс.

Американскиот конгресмен Стив Скализ, републиканец кој беше ранет во 2017 година, изјави за Фокс њуз дека треба да се запре насилната изборна реторика.

Потребно е само една личност која е едноставно ненормална да го слушне тоа и да дејствува, мислејќи дека тоа е сигнал да се отстрани некого –  рече тој.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.