Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Романот „Но Уи“ на Лидија Димковска конкурент за „Балканика 2016“

0
By Нова ТВ on November 24, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Романот „Но Уи “ од Лидија Димковска е избран за национален претставник и кандидат од Македонија што ќе влезе во конкуренција за доделување на наградата на меѓународната фондација „Балканика“ за 2017 година.

Жири комисијата за избор на национален претставник за меѓународната книжевна награда „Балканика 2016“ во состав Лидија Капушевска, Ермис Лафазановски и Елизабета Шелева разгледуваше 14 дела, доставени на конкурс.

На состанокот, одржан на 4.ноември 2017 год., жирито едногласно одлучило во потесен избор за овогодинешната награда да влезат романите „Круг“ од Димитар Башевски, „Бродот Конзархија“ од Томислав Османли и „Но Уи “ од Лидија Димковска, по што романот на Димковска ја добил поддршката.

Според жирито, „Но-Уи“ е роман-метафора, прегнантно срочено четиво за животот и смртта во кој взаемно се проникнуваат фиктивното и фактографското, историјата и совремието, индивидуалните и колективните судбини, големите и малите наративи, домот и туѓината, црно-белата перцепција на стварноста и на човековото постоење воопшто. Овие универзални вистини се пренесени низ моќната, возбудлива и сугестивна нарација на Лидија Димковска, позната од нејзините претходни романескни остварувања.

Романот има една историска и една актуелна димензија; демонот на историјата се повторува, во игра е не само сенката на фашизмот од Втората светска војна, туку и неговото наследство во современиот политички дискурс на нашите балкански простори. Нарацијата реферира на некои вистински, реални, историски настани и личности, од една страна, но од друга, и на некои актуелни случувања во европски (и светски) рамки, како што е миграциската криза, на пример.

Структуриран како дневнички записи во кои хронотопски се вкрстуваат историското време и современоста, Сплит и Сицилија, животите на бабата и внуката кои имаат идентично и мошне симболично име – Неда, романот Но-Уи промовира една исклучителна култура на сеќавањето, имплицира потрага по идентитетот, дава вонредна слика за миграциската психологија и за копнежот по вдоменост во јазикот и културата…

Жирито образложува дека романот „Но Уи“ е новела за животот на луѓето со „погрешни“ потекла (или, погрешно транскрибирани имиња), кои мораат успешно да се прикриваат, или, доживотно и макотрпно да се правдаат, не само пред другите, туку и пред себеси.

Во последната реченица од романот, помладата Неда, укажува на самото симболично (онтолошко) двојство и располовеност во своето име, што, во крајна инстанца, во себе го рефлектира двојството меѓу животот и смртта.

„Димковска, во ова актуелно романескно дело, како впрочем и во своите претходни остварувања, убедливо и суверено ја транскрибира онтолошката равенка на животот како неотповикливо странствување и из-местеност (но, и трајна подвоеност) меѓу старото и новото „дома“ (на пример, во исказот „преселбата е крст, што ти го сече срцето на два дела“), а, уште подрастично (и пострашно) – вкрстувањето на домот и странството.

Отаде, романот симболично се темели на принципот на удвоеност, на повеќе свои рамништа, почнувајќи веќе од самиот наслов, кој алудира на вечната амбивалентност, распнатост, не-сводливост помеѓу: да и не, помеѓу „нас“ и „другите (во нас)“, меѓу црното и белото – како во животот, така и во писмото ( индикативно двојство, што е впрочем видливо и во насловот од последната поетската збирка на авторката – „Црно на бело“).

Овој принцип на удвојување опстојува во самата постапка на градење на ликовите во делото: во огледалното повторување на нивните имиња – бабата Неда (чијашто ултимативност во името како да ги предодредува ултимативноста и на нејзините животни избори и постапки) – која е главна хероина во приказната и нејзината, истоимена внука Неда која е раскажувач и свидетел на нејзината необична животна судбина.

Но, топлата интимност, што неусилено го проткајува романот на Димковска, како и вродената, медитеранска питомост на главните ликови (обете – Неди) на крајот, сепак, успева, ако не да ги победи и совлада, тогаш, макар да ги залечи лузните од еден противречен и насилен свет, каков што е нашиот денес“, стои во образложението доставено од комисијата.

Балканика 2016 Лидија Димковска Но Уи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.