Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Романскиот премиер Понта обвинет за корупција, претседателот бара негова оставка

0
By Светлана Јовановска on June 6, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 6, 2015 14:14

Националната дирекција за борба против корупцијата на Романија побара отворање на кривична постапка против премиерот Виктор Понта кој е осомничен за корупција, даночно затајување, перење пари и фалсификат.

Истовремено, претседателот на државата Клаус Јоханис најави дека побарал оставка на премиерот. Сомневањата за корупција на премиерот ја ставаат земјата во невозможна ситуација, изјави Јоханис по неговиот разговор со премиерот.

– Најлошото што може да се случи е политичка криза во земјата, додаде тој.

Во петокот премиерот беше повикан во дирекција за борба против корупцијата за да биде сослушан околу еден случај на корупција на еден од неговите политички сојузници. Понта рече дека сите обвинувања и сомнежи се неоправдани.

Истрагата се сомнева во конфликт на интереси во рамките на неговата премиерска функција што тој ја врши од 2012 година. Исто така истрага се интересира и за периодот пред да стане премиер и кога бил адвокат и неговите врски со Дан Сова, поранешен министер за транспорт кој исто така е предмет на истрага за корупција и злоупотреба на власта во три случаи.

Дирекцијата за борба против корупција во повеќе наврати побарала да се одземе имунитетот на Сова но парлементот тоа редовно го одбивал.

Од средината на јануари државната служба за борба против корупцијата (ДНА) влезе во битка со сите кои ја осиромашуваат и крадат земјата.

Истрагата на Дирекцијата почива на снимките на тајната служба на високи политичари.

Романија е предмет на тесна обсервација од страна на ЕУ во борбата против корупцијата и независноста на судството исто како и Бугарија. Европската комисија издава редовни извештаи за борбата против корупцијата на овие две земји откако двете станаа членки на ЕУ.

Во последниот извештај од крајот на јануари ЕК вели дека Романија конечно е на добар пат. Се досега Романија беше остро критикувана за своето судство зависно од политиката кое овозможуваше раст на корупцијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.