Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ромите, разочарани од минималното учество во Владата, му пишаа на Заев

1
By Светлана Јовановска on June 15, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Невладините организации на Ромите упатија отворено писмо до премиерот Зоран Заев во кое бараат “Ромите директно да учествуваат во одлучувачките процеси и да придонесуваат  во развојот на демократијата”. Тие се загрижени и разочарани поради тоа што меѓу предложените заменици-министри нема ниту еден припадник на ромската заедница.

„Здруженијата на граѓани и активисти поддржувачи на оваа реакција го изразуваат своето незадоволство и разочарување од одлуката на премиерот Зоран Заев за распределба на заменици министри, бидејќи помеѓу именуваните заменици министри не е предложен ниту еден припадник на ромската заедница”, вели писмото.

Ромите го потсетуваат Заев дека добил силна поддршка од ромската заедница на изборите а за возврат добиле само еден министер без ресор што кај нив “креира чувство дека состојбата на Ромите во Република Македонија се уназадува односно влошува”. И предупредуваат дека СДСМ би можел да ги загуби гласовите на Ромите на локалните избори.

“Бараме претседателот на новата Влада да ја преиспита својата одлука по однос на распределбата на функциите во државата. Се надеваме дека во предвидените планови за инклузија на Ромите во општеството и во јавните институции, се предвидува назначување на Роми/ки на раководни функции во државните институции кои се од витално значење за унапредување на положбата на Ромите во Република Македонија. Очекуваме дека и нашите претставници во извршната власт и законодавна власт – Пратеникот Курто Дудуш и Министерот без ресор Самка Ибраимовски да реагираат на ваквата одлука и јавно да ги застапат интересите на Ромите пред институциите”, вели писмото.

На последните избори околу 70 отсто Роми гласале за СДСМ и ПЦЕР, партијата на Ромите.

Здруженијата на Ромите бараат средба и со ромските претставници во власта. Од премиерот Заев и од министерот Самка Ибраимовски и пратеникот Курто Дудуш очекуваат  “да ја образложат својата одлука за не-именување на Ром како заменик министер”.

Мартин Демировски, потписник на писмото, интелектуалец и активист за правата на Ромите вели дека ромската заедница низ цела Европа бара да се почитуваат правата на Ромите и да се применат декларативните изјави на политичарите:

“Македонија е земја која во минатото беше лидер за вклученост на Ромите. Првиот ромски пратеник во Европа беше Абди Фаик кој беше во коалиција со СДСМ, градоначалникот и министер Неждет Мустафа Ром доаѓаа од Македонија. И земјата се гордееше со нив и на сите европски средби се китеше со тој гест на еднаква вклученост на Ромите во политиката и власта. Ова писмо е повик да се овозможи континуитет на добрите политики на претходните влади. СДСМ по својата идеологија е про-малцинска партија па така сега треба да овозможат реализација на ова барање на ромската заедница. Со вклученоста на Ромите во новата Влада, Македонија може да смета на докажани експерти од областа на ЕУ интеграција, меѓународни односи, дипломатија, човекови права, застапување на работи што се битни за надворешниот имиџ на државата. Во ромската заедница има и добри познавачи на културата, здравството, социјалните права или економијата. Ромите се подготвени да и помогнат на државата а прашање е колку СДСМ и коалицијата ќе докажат дека имаат реформски и прогресивни размислувања за делување”, вели Демировски.

Писмото носи потписи на 79 интелектуалци или активисти а нивниот број се зголемува.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.