Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рот: Бугарија го држи во заложништво проширувањето на ЕУ

0
By Нова ТВ on December 14, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нови критики на сметка на Бугарија од официјален Берлин. Во колумна за весникот Велт, германскиот министер за Европа Михаел Рот и порача на Софија дека не може да го држи во заложништво проширувањето.

Изборот на Џо Бајден за нов американски претседател нуди шанса за нов, заеднички, засилен ангажман на ЕУ и САД на Западниот Балкан, пишува Михаел Рот во авторски текст за германскиот весник Велт. Иако темата на текстот е 25 годишнина од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, германскиот државен секретар големо внимание му посветува на проширувањето на ЕУ, и блокадата на Бугарија за напредокот на Северна Македонија.

„Албанија и Северна Македонија, на својот пат кон ЕУ постигнаа многу, исполнија една амбициозна реформска агенда и не дозволија да бидат сопрени од разни пречки. Со решавањето на спорот за името со Грција, Северна Македонија испиша историја во вистинската смисла на зборот“, пишува Рот.

„Оттука зеленото светло за почеток на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија беше вистинскиот и потребниот чекор. Сега мора во најкус рок да се одржат Меѓувладините конференции со двете земји, откако ќе се исполнат условите. Германија силно се заложи за тоа во рамките на своето претседавање со ЕУ.”

Тој порачува дека „ЕУ мора да си го исполни ветеното и да испорача“, и дека Бугарија не може да ги наметнува своите билатерални барања на европско ниво.

„Пристапниот процес не смее да се одложува во недоглед затоа што една единствена ЕУ членка од него прави заложник на сопствените билатерални барања“, пишува Рот.

Германскиот министер оценува дека итно се потребни позитивни сигнали за Западниот Балкан, и додава „на коцка е ништо помалку од веродостојноста на ЕУ.”

„Блиското поврзување со Западниот Балкан е во наш најголем стратешки интерес. Во спротивно, ќе настапат други актери кои немаат многу заедничко со нашите вредности. Не смееме тоа да го дозволиме во еден свет во кој сме во конкуренција со авторитарни сили.”

Рот опоменува дека доколку ЕУ не успее да си ги исполни ветувањата на Западниот Балкан, тогаш не може да се профилира ниту како глобален играч.

Во таа насока, тој очекува поддршка и од новата американска администрација.

„И новата американска влада ќе очекува од нас да преземеме поголема одговорност во нашето соседство. Изборот на Џо Бајден за претседател на САД нуди шанса, повторно заеднички и одлучно да работиме за слобода, помирување и демократија на Западниот Балкан“, пишува Рот за Велт.

извор: Дојче веле

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.