Разрешувањето на Роза Топузова- Каревска од потпретседателската функција на ЛДП и од Извршниот одбор за неа не е изненадување, како што изјави за НОВА, додавајќи дека го очекувала ваквиот потег на Партијата.
-Toa e едногласна одлука, тоа е право на партијата, легитимно е. Централниот одбор е тој што именува и разрешува. Ако така одлучиле, во ред.
Факт е дека не го испочитував ставот на ЦО и сметам дека е нивно легитимно право и статурно право да донесат одлука за мое исклучување од раководните органи.
22 години бев член на ЛДП. Имајќи ги во предвид претходните изјави очекував дека ќе се случи тоа. Статутарно не можат сосема да ме исклучат од партијата, а ниту јас ќе побарам.
Не можам да ги променам своите ставови, ниту одам во друга партија. Непочитувањето на една одлука не значи дека принципите можам лично да ги сменам, моите политички убедувања не ги менувам.
Немав никакви притисоци ниту барања да го сменам ставот. Разговаравме со Жерновски и имавме коректен и достоинствен разговор, му кажа својот став, тој ми го кажа неговиот.
Во Собранието ќе ги застапувам ставовите на народот, а не на ЛДП, објаснува Топузова за НОВА.




