Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

РСЕ: Косово води кампања за заштита на признавањата на својата независност

0
By Соња Крамарска on January 17, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Косовските дипломати го зголемија бројот на средби со своите колеги од земјите за кои Србија тврди дека го повлекле признавањето на независноста на Косово, објави редакцијата на Радио Слободна Европа на албански јазик.

На почетокот на јануари, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека девет земји го повлекле признавањето на Косово и дека се очекува и десетта да го стори истото, без да прецизира за која земја станува збор. Според него, деветте земји се Сомалија, Буркина Фасо, Габон, Есватини (Свазиленд), Либија, Гвинеја, Антигва и Барбуда, Света Луција и Малдиви.

На 16 јануари, министерот за надворешни работи на Того во Белград објави дека неговата земја го повлекла признавањето на Косово. Не е јасно дали изјавата на Вучиќ за повлекување на признавањето се однесувала на Того како десетта земја, пишува Радио Слободна Европа.

Косовската министерка за надворешни работи и дијаспора Доника Гарвала-Шварц рече дека Того го повлекло признавањето на Косово уште во 2019 година.

Косовските власти соопштија за одржани средби со претставници на некои од земјите за кои Вучиќ вели дека го повлекле признавањето на Косово, како дел од напорите да се отфрлат тврдењата на Србија, што наиде на официјален одговор од косовското Министерство за надворешни работи. Министерството ги оспори тврдењата на Вучиќ, наведувајќи дека „тие не се потврдени ниту по разговорите со претставниците на различни нивоа на овие земји, ниту по консултациите со важните партнери“ на Косово.

„Србија мора итно да се откаже од агресивните напади против Косово и неговиот суверенитет и да се врати на преговарачка маса со фокус на взаемно признавање“, се вели во реакцијата на косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора од 5 јануари.

Тензиите меѓу Белград и Приштина се постојани откако Косово прогласи независност во 2008 година, која Србија одбива да ја признае. Европската Унија и САД се обидуваат да им помогнат на двете земји да ги нормализираат односите, но засега безуспешно.

Косово признавање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.