Како петти демократски избран претседател на Бугарија, Румен Радев денеска беше инаугуриран за функцијата на свеченост пред црквата „Александар Невски“ во Софија.
Во првиот говор тој вети дека ќе дејствува во корист на „обединето општество во име на демократијата“.
Радев истакна дека ќе биде претседател на сите Бугари без оглед на нивната партиска припадност или етничка и верска припадност.
Новиот бугарски претседател рече дека со партнерите на државата ќе работи на забрзување на интеграцијата со Европа, но вети и борба за права и достоинство на народот.