„Во Македонија нема увезено храната за бебиња од типот Bebivita Milchbrei Grieß 600g, сепак ќе испратиме инспектори на терен“, информираше за НОВА, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Деан Рунтевски.
Министерството за земјоделство на Хрватска соопшти дека детската храна со житарки за деца до 6 месеци се повлекува од пазарот поради информации дека во кашичките наменети за Австрија и Германија се пронајдени делови од стакло.
Повлечената серија е со рок на траење до 30 септември 2014 година, со ознака 140790, а целиот назив на производот е Bebivita Milchbrei Grieß 600g. Храната за бебиња се повлекува од продажба поради деловин од стакло што се пронајдени во производот.
Министерството примило информација од Европската комисија дека во тие производи, кои се наоѓаат на пазарите на Австрија и Германија, се наоѓаат парчиња стакло. Иако нема податоци за дистрибуција на споменатиот производ во Хрватска, компанијата Милер од превентивни причини спроведува повлекување на производот и го информирала министерството, јавуваат хрватските медиуми.




