Раскинувањето на договорот за продажба на универзалните десантни бродови „Мистрал“ на воената морнарица на Русија може да донесе повеќе проблеми за француската, отколку за руската страна, изјави Олег Бочкарјов, заменик на претседателот на Воено-индустриската комисија при руската влада, пренесува „Лента.ру“, како што јавува Руска реч на македонски.
Според мислењето на експертот, казната за пролонгирање или откажување на договорот ќе достигне милијарди евра.
„Ако договорот биде еднострано раскинат, на руската страна ќе ѝ бидат вратени парите, а француската страна ќе треба да плати и казна за откажување од договорот. Ним во тој случај ќе им остане бродот кој е направен во склад со руските барање и со руско учество“, ги пренесува „Лента.ру“ зборовите на Бочкарјов.
Тој истакна дека за раскинување се плаќа казна. Претходно беше соопштено дека договорот за купување на „Мистралите“ изнесува 1,2 милијарди евра. Кршењето на договорот може да ја чини три милијарди евра.