Русија до 2014 година ќе ја демонтира последната советска нуклеарна подморница, која била повлечена од воениот состав на руската поморска флота, изјавила денес Ирина Анзулатова, шефица на прес-службата на претпријатието за ремонт на бродови Непра.
Анзулатова додава дека последната подморница ќе биде со име „Краснодар“ од која ќе биде отстранет нуклеарниот отпад.
Според податоците на државната корпорација за атомска енергија Росатом, од составот на руската поморска флота од крајот на 80-тите години од минатиот век биле повлечени 199 атомски подморници од прва, втора и делумно од трета генерација.
Во компанијата Непра од 1998 се демонтирани повеќе од 50 подморници.