Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија ќе остане засекогаш во окупираните територии на Украина

0
By Соња Крамарска on June 4, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Украинскиот град Мариупол сега е целосно во руски раце
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кога Владимир Путин испрати војници во Украина кон крајот на февруари, вети дека неговите сили нема да ја окупираат земјата. Но, како што инвазијата го достигна својот 100-ти ден, Москва се чини сè понеподготвена да се откаже од територијата што ја зазеде во војната.

Рубљата сега е официјална валута во јужниот регион Керсон, заедно со украинската гривни. На жителите таму и во деловите на регионот Запорожје под контрола на Русија им се нудат брзи руски пасоши. Администрациите инсталирани од Кремљ во двата региони зборуваа за плановите да станат дел од Русија.

Слични намери изразија и лидерите на сепаратистичките области во регионот Донбас во источна Украина, поддржани од Москва, во кои главно се зборува руски. Путин ги призна самопрогласените републики на сепаратистите како независни два дена пред да започне инвазијата, а жестоки борби се водат на исток со недели додека Русија се обидува да го „ослободи“ целиот Донбас.

Украинскиот претседател Володимир Зеленскиј изјави оваа недела дека непријателските сили сега контролираат речиси 20 отсто од територијата на земјата. Пред војната, Русија контролираше 7 отсто, вклучувајќи го и полуостровот Крим и делови од Донбас.

Во видео пораката по повод првите 100 дена од војната, Зеленски јасно стави до знаење дека Украина нема лесно да се предаде. „Ние ја браниме Украина веќе 100 дена. Победата ќе биде наша“, рече тој.

Американскиот претседател Џо Бајден, во меѓувреме, рече дека верува оти „ќе мора да има договор со преговори“ за да се стави крај на војната. Запрашан дали Украина треба да се откаже од територијата во замена за мир, претседателот рече: „Тоа е нивна територија“ и „Нема да им кажам што треба и што не треба да прават“.

Во почетокот, барем, се веруваше дека анексија на територии од Украина не е главната цел на инвазијата. Се мислеше дека Кремљ има намера да инсталира промосковска влада во Киев што ќе ја спречи Украина да се приклучи на НАТО и да се повлече подалеку од влијанието на Русија.

Но, сега, според политичките аналитичари, Москва веројатно нема да се откаже од своите воени придобивки. „Се разбира (Русија) има намера да остане“, рече Андреј Колесников, виш соработник во Фондацијата Карнеги за меѓународен мир. „Русија, за жал нема да се откаже од окупираните територии“.

Руските сили зазедоа голем дел од Керсон и соседното Запорожје на почетокот на војната, стекнувајќи контрола над поголемиот дел од брегот на Украина во Азовско Море и обезбедувајќи делумен копнен коридор до Кримскиот Полуостров, кој Русија го анектираше од Украина во 2014 година. Тие го завршија преземањето минатиот месец со заземањето на пристанишниот град Мариупол по тримесечна опсада.

Во градовите окупирани од Русија во јужна Украина, локалните украински власти беа заменети сопро-Кремљ функционери. Беа подигнати руски знамиња, сменети се и телевизиските наративи и сега е присутна само верзијата на Кремљ за инвазијата.

Руската рубља е веќе воведена како втора официјална валута во регионите Керсон и Запорожје – барем во деловите под руска контрола – а проруските администрации почнаа да нудат „еднократна социјална исплата“ од 10.000 рубљи (околу 163 долари) на локални жители.

Во Мелитопол е отворена Канцеларија на руските миграциски служби која преку брза процедура прима барања за руско државјанство од жителите на заробените јужни региони. Постапката за прв пат беше спроведена во 2019 година во областите на Донбас контролирани од бунтовниците, каде што повеќе од 700.000 луѓе добија руски пасоши.

Највисоките руски функционери почнаа да ги обиколуваат регионите, агитирајќи за интегрирање со Русија. Вицепремиерот Марат Хуснулин ги посети Керсон и Запорожје во средината на мај и посочи дека тие би можеле да станат дел од „нашето руско семејство“. Висок функционер во владејачката партија „Единствена Русија“ во Кремљ, Андреј Турчак, на состанокот со жителите на Керсон им рекол: „Русија е тука засекогаш“.

Членовите на про-Кремљ администрациите во двата региони објавија дека областите ќе бараат да се приклучат кон Русија. Иако останува нејасно кога и дали тоа ќе се случи, јасно е дека Русија нема да се откаже.

Олег Крјучков, официјален претставник на Крим, анектиран од Русија, оваа недела рече дека двата јужни региони се префрлиле на руски интернет провајдери. Државните медиуми објавија снимки од луѓе кои се редат за да добијат руски СИМ-картички за своите мобилни телефони. Крјучков, исто така, рече дека двата региони се префрлаат на рускиот повикувачки телефонски број +7 наместо на украинскиот +380.

Се прогнозира дека веќе во јули може да се одржат референдуми за приклучување кон Русија во регионите Донбас, Керсон и Запорожје. Портпаролот на Кремљ, Песков, вчера на прашањето дали руските власти планираат да одржат гласање во тие области, одговори дека тоа ќе зависи од текот на руската офанзива.

Татјана Становаја, основач и извршен директор на R.Politik, независен тинк-тенк за руската политика, рече дека верува оти Путин не сака да избрзува со референдумите и да ризикува да бидат осудени како лажни. „Тој сака референдумот да биде реален, за да може Западот да види дека навистина Русија беше во право, народот сака да живее со Русија“, рече Становаја.

Украинските експерти, пак, велат дека нема да биде лесно за Кремљ да добие вистинска поддршка на југот на Украина. Володимир Фесенко, од аналитичкиот центар Пента Центар со седиште во Киев, рече дека повеќето жители на јужните региони се идентификуваат како Украинци многу посилно отколку луѓето во областите што се поблиску до Русија или биле предводени од сепаратистите поддржани од Москва во последните осум години. (АП)

окупирани тертории Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.