Четири ресторани за брза храна од американскиот синџир Мекдоналдс во Москва се привремено затворени. Властите во Русија тврдат дека рестораните се затворени нехигиена, а западните медиуми шпекулираат дека затворањето на овие ресторани, меѓу кои и првиот ресторан на овој бренд во Русија е одговор на економските санкции кои западот ги воведе против државата.
Мекдоналдс во Русија има 430 филијали, а вработува 37.000 луѓе. Компанијата засега најави проверка на наодите на санитарната инспекција тврдејќи дека безбедноста на храната секогаш била нивен приоритет, а нагласуваат и дека сите намирници за потребите на руските филијали се набавуваат исклучиво во Русија.