Руското Министерство за одбрана тврди дека нивните сили ја нападнале нафтената рафинерија Кременчуг во централна Украина, уништувајќи го нејзиниот производствен капацитет и резервоари за гориво.
Ројтерс објави дека Министерството исто така соопшти дека нивните сили собориле украински авион Су-27 во регионот Харков. Извештаите не се независно проверени.
Гувернерот на Харков, пак, Олег Синјехубов, утрово на Телеграм напиша дека „ноќта беше релативно мирна“. Тој рече дека ракета ја погодила „територијата на аеродромот во Харков“, но дека нема повредени. Тој наведе мал број повредени и загинати во Салтивка, Дергачи, Золочив, Балаклија и Шебелинка.
Гувернерот рече и дека во Дергачи „Русите го оштетиле хуманитарниот штаб, матичната служба, дел од клиниката и зградата на брзата помош“, а дека во Шебелинка „руска граната погодила зграда на хангар. Гореше покривот на хангарот и 10 камиони. За жал, 3 лица загинаа, а 5 други беа повредени“.
Синехјубов тврди и дека „окупаторите“ алудирајќи на Русите не се обиделе да извршат напади во регионот на Харков. „Борбите продолжуваат во регионот на Изиум. Нашите вооружени сили држат позиции и го одбиваат непријателот!“, објави утрово тој.