Веднаш по полетувањето, руски авион со 71 патник и членови на екипажот, кој летал од Москва кон Орск, се срушил во село близу Москва.
Според властите, тешко дека има преживеани по падот на авионот.
Авионот на Саратов Ерлајнс полетал од аеродромот Домодедово а по само неколку минути исчезнал од радарот.