Published: Friday, April 17, 2026 10:00
Романските власти соопштија дека воените радари на армијата детектирале дрон кој го нарушил националниот воздушен простор за време на вчерашниот руски ноќен напад врз Украина, соопшти Министерството за одбрана на Романија.
Дронот бил следен сè додека не бил изгубен од радарите југоисточно од пограничното село Килија Веке, кое се наоѓа во близина на границата со Украина, пренесуваат украинските медиуми.
Романија, како членка на НАТО и Европската Унија, има копнена граница од околу 650 километри со Украина. Откако Русија започна напади врз украинските пристаништа долж реката Дунав, ваквите инциденти зачестија, пренесуваат медиумите.
Во изминатиот период, повеќепати беа регистрирани нарушувања на романскиот воздушен простор.




