Рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Александрович Баздникин денеска бил повикан во МНР, потврдија за НоваТВ од Министерството.
Од Министерството за надворешни работи велат дека на амбасадорот Баздникин му била врачена вербална нота поради тоа што Руската Федерација ја стави Северна Македонија на листата на непријателски земји.
Владата на Руската Федерација денеска го одобри списокот на странски земји и територии кои, како што се наведува, претставуваат непријателски дејствија против Русија, нејзините компании и граѓани. На списокот покрај Северна Македонија, од регионот се најдоа и Црна Гора и Албанија.
Меѓу другите, се и САД, Канада, земјите членки на ЕУ, Обединетото Кралство, Украина и Швајцарија.
На листата се и Андора, Исланд, Лихтенштајн, Монако, Норвешка и Сан Марино, како и Јапонија, Јужна Кореја, Австралија, Микронезија, Нов Зеланд, Сингапур и Тајван.