Конвојот со хуманитарна помош се упати на истокот на Украина, следен со внимание од Киев и западните земји, кои се сомневаат дека е тоа само маска за воена помош за сепаратистите.
Шефот на француската дипломатија Лорен Фабијус вели дека испраќањето на руски хуманитарен конвој може да биде обид Москва да си обезбеди постојано присуство во Украина.
„Мора да бидеме исклучително внимателни зашто ова може да биде покритие за Русите да бидат постојано присутни во близина на Луганс и Доњецк и да не стават пред свршен чин“, рекол Фабијус за радио Франс инфо, пренесува Ројтерс.
Според него испраќањето на конвојот е единствено можно со одобрени од Црвениот крст.
Загриженост вчера изрази и претседателот н ЕК, Жозе Мануел Баросо, кој реќе дека „не треба да има никаква еднострана акција во Украина“.
Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Димитриј Песков изјави вчера дека мисијата на испраќање хуманитарна помош „е договорена со Киев и ќе биде реализирана под надзор на Меѓународниот црвен крст и нема да има воен ескорд“.