Влезот на рускиот хуманитарен конвој на територијата на Украина без предходна проверка на властите во Киев наиде на остра осуда од официјалните лица од САД, ЕУ, НАТО и украинските власти.
По 10 дена чекање за дозвола за влез, рускиот конвој влезе на територијата на Украина, а Москва смета дека понатамошно колебање би било недопоустливо поради хуманитарната катастрофа која се случува во источна Украина, како и тоа дека влегувањето е реализирано во согласност со меѓунардниот хуманитарен закон.
Советот за безбедност на ОН на вонредна седница ќе расправа за влезот на хуманитарниот конвој.
САД и владите на европските земји ја повикаа Москва да соработува со украинската влада и Меѓународниот црвен крст за проверка на товарот и за негово безбедно пристигнување до цивилите.