Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руските агенти протерани од Грција нуделе поткуп за масовни протести

1
By Нова ТВ on July 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 14, 2018 21:08

Двајцата руски агенти кои беа протерани од Грција минатата недела, според пишувањата на Фајненшл Тајмс се обвинети дека преку бизнисмени се обиделе да  поткупат функционерите од локалната власт, православни свештеници, членови на културни здруженија и екстремно десничарските групи низ северниот дел на земјата, за да се вклучат во протести против Договорот потпишан меѓу двајцата премиери Ципрас и Заев  минатиот месец.

Се верува дека руските дипломати исплатиле пари на екстремно десничарски групи преку локален грчки бизнисмен. „За 20 000 до 30 000 евра, можете да купите голема подршка во места како што е Александрополис, каде што невработеноста е висока“ изјавил жител за весникот.

Планот на руските агенти бил откриен кога при при обид за поткуп на грчки воен офицер, тој го пријавил инцидентот на неговиот командант.

„Русите сакаа да предизвикаат прекин на разговорите за Договорот“, изјавил висок грчки дипломат за Фајненшл тајмс. Тие го засилија своето нормално мешање во (грчките региони )Македонија и Тракија, изјавил дипломатот за весникот.

Грчката Влада соопшти дека нема да толерира однесувањето со кое се прекршуваат грчките закони. Официјални претставници во Москва предупредија дека Русија ќе возврати реципроцитетно и ќе протера  двајца  грчки дипломати.

„Мислам дека ова е без преседан“ изјавил  грчки официјален претставник за Фајненшл Тајмс. „Дури и во екот на Студената војна, Грција не потера дипломати од Источниот блок“. Грција исто така одлучи да не протера руски дипломати кога тоа го сторија повеќе европски сојузници за труењето на агентот Скрипал и неговата ќерка.

Фајненшл Тајм во текстот пишува и дека со „ Договорот се стави крај на спорот поради кој  Македонија цели 27 години не можеше да се приклучи на НАТО и да започне преговори за пристап со ЕУ“ и потсетува на протестите организирани од националистите низ грчките градови.

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.