Неколку цивилни аеродроми во Русија синоќа привремено ги редуцираа летови поради украинските напади со беспилотни летала во рускиот воздушен простор, соопшти Федералната воздухопловна управа „Росавијација“.
И аеродромот Пулково, во Санкт Петербург беше засегнат откако десетина украински дронови биле пресретнати на периферијата на градот.
Поради заканата од украинските дронови се редуцира и работата на аеродромите во Псков, Нижни Новгород, Казан, Волгоград и Нижнекамск.
Пред три дена авион со руски туристи принудно слета во Талин, Естонија наместо во Санкт Петербург поради украинските напади.
Поради украинските напади со беспилотни летови често е нарушен цивилниот авиосообраќај во Русија. Тоа е дел од стратегијата на Киев да ја ослабе руската логистика зад линијата на фронтот. Русија, поради нападите во првите месеци од годинава, повеќе од 200 пати привремено ги затворила аеродромите.