Врз основа на откриениот обем и шеми на руското влијание во Југоисточна Европа, може да се разгледа неисцрпна листа на политики[1] за намалување на нивните негативни последици. Една од препораките за националните влади во Југоисточна Европа е имплементација на цврсти стратегии против „заробување“ на државата. Но, и имплементацијата на годишната Дијагностика на оценување на „заробувањето“ на државите (State Capture Assessment Diagnostics (SCAD)), со кои би се измерил степенот на „заробување“ (ризици) на стратешките економски сектори и би се идентификувале клучните недостатоци во владеењето кои овозможуваат прекумерна пазарна концентрација во корист на приватни интереси.

До земјите од Југоисточна Европа се препорачува и да се фокусираат на диверзификација на приливот на странски капитал наместо на прекумерна зависност од капитал на авторитарни држави кои таргетираат значајни сектори на неконкурентен начин. Централните банки и финансиските регулатори треба соодветно да ја оценуваат изложеноста на странски директни инвестиции, со што редовно ќе се оценува вистинскиот обем и потенцијалното влијание на приливите на капитал од Русија.

Земјите од Југоисточна Европа, исто така, треба да го преиспитаат и зајакнат својот капацитет, ефикасно да се спротивстават на инструментите на руското влијание во критични сектори на економијата, особено енергетиката. Таквите напори треба да бидат дел од нивните стратегии за национална безбедност и вклучени јавно во годишни извештаи/оценка на заканите за Русија, заедно со нејзиното економско и енергетско присуство.

Владите од Југоисточна Европа треба да дадат приоритет за подобрување на енергетската безбедност на своите земји, преку следните мерки:

„Целосна либерализација на пазарот на природен гас во согласност со законите на ЕУ за енергетика и конкурентност“

„Целосна интеграција на регионалниот пазар преку изградба на гасоводни интерконектори, капацитети за складирање на гас и подземни складишта, како и диверзификација на рутите и изворите на снабдување“

„Редефинирање на долгорочните договори за природен гас со „Гаспром“ со цел да се укинат клаузулите за одредиште или земи-или-плати, како и да се отстрани индексацијата на нафтата од методологијата на утврдување цени“

Вклученоста во масивни политички мотивирани енергетски проекти предводени од Русија како што е гасоводот „Турски тек“ и нуклеарната електрана „Белене“ треба да се преиспита со оглед на влијанието што тие проекти го имаат врз намалувањето на енергетската безбедност и врз јакнењето на мрежите за „заробување“ на државата поддржани од Русија.

Националните даночни органи и органите за заштита на конкуренцијата треба да вложат засилени напори да ги спречат руските компании да затајуваат данок и да ја злоупотребуваат моќта на монопол преку:

„Имплементирање на насоките на ОЕЦД за трансферни цени за мултинационални претпријатија и даночни администрации во билатералните даночни преговори со компаниите, со цел да се ограничи профитот кој се пренесува на подружници регистрирани на офшор дестинации“

„Кршење на постоечката олигополистичка структура на пазарите за дистрибуција на нафта во регионот која им дозволува на руските нафтени магнати да извлекуваат монополистички ренти кои би можеле да се пренасочат кон финансирање на не-енергетски активности како што се медиумски пропаганди на политички партии, културни активности и едукативни програми“

„Работата на органите за заштита на конкуренцијата, даночните инспекторати, регулаторите на финансиските пазари и агенциите за национална безбедност треба да се насочи кон јасно утврдување на крајната стварна сопственост и на врските со други играчи на пазарот, со цел да се избегне пазарна концентрација, да се спречи перење пари и стекнување критична сопственост од страна на компании поврзани со авторитарни држави.

„Постои потреба од јакнење на управувањето со постапките за приватизација и пост-приватизација, за да се одвратат обидите на Русија за преземање на големи стратешки компании по цени многу пониски од пазарната вредност“

„Финансирањето на политичките партии треба да биде построго регулирано и релевантните разузнавачки органи треба да го зајакнат следењето на странски субверзивни активности“

„Треба да се зајакне независноста на националните медиумски регулатори, за тие да можат да откриваат информации за медиумската сопственост за да се избегне непотребна пазарна концентрација и да откриваат интернет медиуми кои работат надвор од радарот а чија цел е да шират дезинформации и пропаганда“

Европската Унија треба да ја интензивира својата економска и политичка вклученост на Балканот преку процесот на проширување за земјите кои не се членки на ЕУ и преку својата политика на кохезија во земјите членки. Таа треба особено поактивно да се вклучи во областите на владеење на правото и антикорупцијата. Исто така, треба порешително да им предочува на локалните политички лидери дека долгорочните европски перспективи бараат дополнителни реформи на терен и одбивање соработка со не-ЕУ играчи за ексклузивни зделки надвор од рамката на отворената конкуренција и владеењето на правото.

Фото: chemistryworld.com

Унијата, особено Франција и Германија, треба да усвојат ревидирана политика за проширувањето во која ќе постои рамнотежа помеѓу политичките и техничките елементи на процесот. ЕУ треба да ги увери земјите од Западен Балкан во нивната европска иднина, но исто така треба јасно да даде на знаење дека процесот на проширување е пред сè политички процес чија цел е јакнење на демократијата и пазарната економија во регионот. ЕУ треба континуирано да ја потенцира важноста од постигнување на одреден праг на економски развој за да се добие членство во Унијата.

„ЕУ треба исто така да даде пример така што ќе воведе цврст механизам на владеење на правото за земјите членки кој ќе се темели на континуирани структурни и анти-корупциски реформи и кој ќе биде поврзан со поддршка на кохезија“

„ЕУ треба да го вклучи Западен Балкан во планирањето на својата Повеќегодишна финансиска рамка, давајќи цврста основа за интеграција на регионот и поттикнувајќи приватни ЕУ инвестиции. Особено, треба да цели кон остварување директен ангажман со граѓанското општество во Југоисточна Европа, вклучително преку програми управувани од Брисел за владеење на правото, правда, итн.“

„ЕУ треба да преземе порешителни чекори за развој на регионална енергетска соработка и интеграција во ЕУ, вклучително и преку стратешки енергетски проекти и воведување и верификација на енергетски правила и регулативи на ЕУ.

Европската Унија треба да ја подобри соработката со национални институции за спречување на перење пари за лоцирање на незаконски финансиски текови. Европската комисија и Европската централна банка треба да ги засилат напорите за спроведување на законите за спречување на перење пари и затворање на дупките во регулаторните рамки за корпоративна сопственост и странски директни инвестиции. Потребно е успешно имплементирање на одлуката на ЕУ за формирање на Регистар на стварно сопствеништво кое ќе биде достапно за општата јавност.

САД треба поагресивно да го применуваат Актот за странски коруптивни практики како и да го прошират опсегот на Глобалниот акт „Магнитски“ за истражување на коруптивни практики на високо ниво во Европа кои се во корист на руските стратешки интереси.

Извор: Ф2Н2