Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рускоска: Нема преквалификација на делото Терористичко загрозување на уставниот поредок

0
By Нова ТВ on December 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинителката Вилма Рускоска рече дека нема да има преквалификација на делото за настаните од 27 април. Таа не е задоволна од Законот за амнестија, но ќе го спроведува.

„Преквалификација на делото  нема да има за тие лица кои не се опфатени со амнестијата, затоа што не важи амнестијата за целото кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, рече Рускоска.

Според Законот, организаторите и нарачателите нема да бидат опфатени со амнестијата, како и оние лица кои влегле со фантомки на лицата во Собранието и  извршиле физичко насилство, носеле оружје како и службените лица кои ги пречекорите службените овластувања. 

„Ако за  некој се утврди од сега обвинетите се утврди дека бил и организатор, тој ќе одговора и за кривичното дело Здружување заради непријателска дејност, а ќе му остане и кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ објасни Рускоска.

Откако  Законот ќе биде објавен во Службен весник, обвинетите ќе имаат рок од 5 дена да поднесат барање за амнестија. За секое барање ќе се одлучува поединечно, а одлуката за тоа кој ќе биде амнестиран ќе ја донесе Судот по претходно мислење на обвинителот.

Рускоска вели дека ова е подобро решение од тоа да се формираше комисија во Собранието и таму да се  одлучуваше  за кого да важи амнестијата, затоа што  обвинителот и Судот најдобро го знаат предметот.

„Не можам да речам дека никој нема да амнестирам, затоа што нема да го почитувам Законот и ќе сторам кривично дело“, кажа Рускоска.

За одредени делови од Законот кои не се прецизирани, Рускоска најави консултации со Јвниот обвинител и со други обвинители.

Судскиот процес за 27 април ќе продолжи утре кога се оечкува да заврши изведувањето на дополнителните докази од страна на обвинетите. Судијката Кацрска го прекина денешното рочиште за обвинетиот Митко Чавков и неговиот адвокат Сашо Дукоски да ги средат дополнителнителниот доказен материјал од неколку стотина страници кои ги бараа и им беа доставени од МВР.

Кацарска најави дека наскоро ќе следува и изнесување на завршни зборови.

Обвинетите Игор Југ и Јане Ченто рекоа дека нема да поднесат барање за амнестија затоа што Судот, а не политичките елити имаат легитимет да носат пресуди.

 

 

27 април Закон за амнестија Рускоска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.