Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рускоска: Во завршните зборови од „27 април“нема да има промени во обвинението

0
By Нова ТВ on December 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 29, 2018 14:02

Шефицата на Одделот за организиран криминал при Јавното обвинителство, Вилма Рускоска, за „Макфакс“ вели дека по амнестијата, во завршните зборови за „крвавиот четврток“ нема да има никаква преквалификација, допрецизирање или било какви промени на обвинението за случувањата во Собранието од 27 април минатата година.

Останатите обвинети кои не се опфатени со амнестијата, како и досега, ќе се гонат по член 313, „Тероризам“ од Кривичниот законик.

„Обвинението си останува исто, Законот за амнестија не го опфаќа членот 313 „Тероризам“, оние кои не се амнестирани остануваат на обвинителна клупа“, вели Рускоска.

Амнестија за „крвавиот четврток“ побараа 29 обвинети, а позитивна одлука од судот по прибавено мислење од Обвинителството добија вкупно 15 обвинети. Први кои беа експресно ослободени од кривичен прогон за „27 април“ се пратениците кои ги отворија собраниските врати при упадот Крсто Мукоски и Сашо Василевски , потоа Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски.

Заедно со пратениците амнестија добија и обвинетите членови на кабинетот на собранискиот претседател, Елена Доцевска – Божиновска и Иван Цветановски како и Захарије Симовски, браќата Стефан и Михаил Младеноски, Митре Питроповски и Илија Славевски.

Вчера беа амнестирани и водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски, Борис Дамовски и Владо Јовановски. За време на протестите, покрај овие тројца како предводник беше посочен и оперскиот пејач Игор Дурловски кој не поднесе барање за амнестија поради што останува на обвинителната клупа. Дурловски изјави дека не сака политичка амнестија туку преку праведен судски процес вистината да излезе на виделина.

Рочиштето за завршните зборови за „крвавиот четврток“ на кое ќе се обратат обвинителството и обвинетите е закажано за 15 јануари идната година, по што следува пресуда.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.